Свет
Малку подобро, ама доволно лошо
Вториот круг од изборите беше добро спроведен во голем дел од земјата, но не ги исполни клучните изборни стандарди на ОБСЕ, кои гарантираат еднакво право на глас и тајност на гласањето, заклучи Меѓународната мисија за набљудување на локалните избори во Македонија.
Оценка на ОДИХР и на советот на европа ЗА ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ во македониЈа
Вториот круг од изборите беше добро спроведен во голем дел од земјата, но не ги исполни клучните изборни стандарди на ОБСЕ, кои гарантираат еднакво право на глас и тајност на гласањето, заклучи Меѓународната мисија за набљудување на локалните избори во Македонија.
Претставниците на ОДИХР и на Советот на Европа сметаат дека сериозните нарушувања на изборниот процес ја сопираат Македонија, но не сакаа да коментираат дали нивниот извештај ќе го забави нејзиното напредување кон ЕУ.
Набљудувачите им забележуваат на надлежните дека не успеале да ги отстранат пропустите од првиот круг, иако се труделе да го направат тоа.
Странците забележале сериозни неправилности на гласањето во општините Гази Баба, Бутел, Липково, Чучер-Сандево, Желино, Јегуновце, Теарце, Тетово, Студеничани, Арачиново и во Брвеница, во кои имало неправилности и во првиот круг.
Набљудувачите посетиле 1.300 гласачки места и во некои регистрирале кражби на гласачки ливчиња, полнење кутии, заплашување, групно гласање и гласање за други и фалсификувани потписи во избирачкиот список. Како лошо, односно многу лошо го оцениле гласањето во 14 отсто од местата што ги посетиле, тајност немало во 17 отсто, групно гласање имало во 16 отсто, во 30 случаи има заплашување и помал процент немири и лоша изборна атмосфера.
Меѓународните набљудувачи имаат забелешка за задоцнетото објавување на резултатите од првиот круг во трката за градоначалник на Скопје, за недоволно решителни интервенции на соодветните органи и за скратувањето на правото на глас на жената. Набљудувачите забележале дека таму каде што во избирачките одбори имало жени помали биле шансите за нерегуларности. Во над 50 отсто од избирачките одбори немало жени, а во “значаен” број избирачки места не гласала ниту една жена. На потсетувањето дека ситуацијата со жените и досега била таква, Кит Витмор од Конгресот при Советот на Европа одговори со “можеби е така”, но нагласи дека во Гази Баба на четири избирачки места не дошла ниту една жена на гласање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

