Свет
Скопскиот суд крадел на тоалетна хартија, материјали и бензин

Скопскиот Основен суд 2 за една година потрошил 70 илјади евра за набавка на хартии и средства за хигиена со непосредна спогодба со пробиштипската фирма „Фикс 02, пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија. Набавките биле направени во 2003 година.
Мери Јордановска
Скопскиот Основен суд 2 за една година потрошил 70 илјади евра за набавка на хартии и средства за хигиена со непосредна спогодба со пробиштипската фирма „Фикс 02, пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија. Набавките биле направени во 2003 година.
Средствата за хигиена од „Фикс 02“ судот го чинеле 4,6 илјади евра. Од истата фирма судот купил канцелариски материјал за околу 62 илјади евра без тендер. Освен со оваа, судот склучувал непосредни спогодби за молеробојадисувачки услуги, за поправки и осветлување со уште десетина фирми. Според Законот за јавни набавки, за секоја набавка повисока од 2.600 евра, мора да се распише тендер.
Државните ревизори во нивниот извештај навеле дека судот потрошил премногу пари за негово тековно одржување. Тие утврдиле и дека парите собрани од судскиот фотокопир, кои достигнале цена од околу 4,3 илјади евра, никаде не биле евидентирани. Во судот не се евидентирале ниту исплатените аванси за службени патувања, па ревизорите не можеле да пресметаат колку пари за бензин потрошиле вработените во судот.
Судот во текот на истата година ангажирал вешти лица за вештачење кои не биле на списокот на претседателот на судот Бојан Ефтимов. На вештите лица им биле исплатени надоместоци од 10 илјади евра, и покрај тоа што претседателот не донел решение за именување вешти лица.
“Наградите за вештачење и персоналниот данок за личните надоместоци на докторите и медицинските лица од Институтот за судска медицина се нереални и необјективни и се во спротивност со судскиот деловник“, утврдиле државните ревизори во нивниот последен извештај.
Друга забелешка на државните ревизори е тоа што судот не ги одбивал надоместоците за храна и превоз на вработените во судот за деновите поминати на службен пат во земјава и странство. „Основниот суд Скопје 2 нереално и необјективно ја искажува финансиската положба и резултатот на финансиските активности за 2003 година“, утврдиле државните ревизори.
Судот ненаменски потрошил и околу 3.8 милиони денари за правосуден паушал на судиите, кој требало да се вметне во основните плати и да се пресметаат придонесите и персоналниот данок на доход.
Во својата ревизија за редовното работење на скопскиот Основен суд 2, ревизорите утврдиле дека во споредба со минатата година, обемот на предмети во судот бил зголемен за 35.623 предмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин до Западот: Купија билет и не патуваа, само за да се налутат на кондуктерот: рускиот енергетски систем работи беспрекорно

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека одбивањето на европските земји да се потпираат на руските енергетски ресурси сериозно ја поткопа конкурентноста на нивните економии и доведе до пад на индустриското производство и пораст на цените низ целиот континент.
Зборувајќи на пленарната сесија на Руската недела на енергија во Москва, Путин истакна дека постапките на западните политички елити „ја уништија глобалната енергетска инфраструктура“, нагласувајќи дека политичкиот притисок довел до ирационални одлуки во ЕУ, според западните медиуми.
„Многу европски земји, под политички притисок, одбија да купуваат руски енергетски производи. Веќе неколку пати предупредив за последиците – не за Русија, туку за самите тие земји. Гледаме пад на индустриската активност и пораст на цените поради поскапата нафта и гас од странство“, рече Путин.
Тој додаде дека, по забраната за соработка со Русија, западните компании почнаа да ја губат својата технолошка предност и да го намалуваат производството, додека руските експерти станаа „технолошки лидери“ на пазарот.
„Што направија? Купија билет и не патуваа – само за да се налутат на кондуктерот. Каква глупост.
Нашиот енергетски систем е еден од најголемите во светот. Овој огромен комплекс работи сигурно и ефикасно“, заклучи претседателот на Русија.
Свет
Кремљ: Путин го предупреди Трамп за време на разговорот

Во денешниот телефонски разговор, рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека испраќањето крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина ќе го загрози мировниот процес и ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија. Веста беше потврдена од Кремљ во официјално соопштение, пренесуваат медиумите во регионот.
Според Кремљ, Путин изразил загриженост поради можноста напредното американско оружје во рацете на украинските сили да доведе до понатамошна ескалација на конфликтот. Предупредувањето јасно посочи дека таков потег од страна на Вашингтон би имал директни негативни последици врз билатералните односи на двете сили.
Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека Путин во разговорот нагласил дека руските сили во моментов имаат „целосна стратешка иницијатива“ по целата линија на фронтот во Украина.
Ушаков додаде дека денешниот повик, кој траел речиси два и пол часа, бил инициран од руска страна. Тој, исто така, објави дека на планираниот нов самит меѓу двајцата претседатели ќе му претходи разговор меѓу државниот секретар на САД, Марко Рубио, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој се очекува да се одржи во наредните денови, пренесува index.hr.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан по разговорите Трамп-Путин: Голема вест за мирољубивите луѓе, подготвени сме

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро повторно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а овој пат средбата ќе се одржи во Будимпешта. Двајцата лидери се согласија за нов самит за време на телефонски разговор.
Унгарија е подготвена да биде домаќин на самитот Русија-САД, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Планираната средба меѓу американскиот и рускиот претседател е голема вест за мирољубивите луѓе низ целиот свет. Подготвени сме!“ напиша тој на X.
Трамп и Путин последен пат се сретнаа пред два месеци во Алјаска, но таа средба не донесе конкретен напредок кон мирот во Украина, по што следеше период на дипломатско затишје меѓу Вашингтон и Москва, анализираат медиумите.
Денешниот телефонски повик не беше објавен со денови, за разлика од некои претходни, а аналитичарите истакнуваат дека времето на неговото случување е исклучително значајно. Имено, Трамп утре треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Клучната тема на нивниот разговор ќе биде можното испраќање американски ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, што би претставувало значително зголемување на воената помош за земјата.
Фото: принтскрин