Контакт

Свет

Исламисти од “чеченската мрежа“ подготвувале терористички акт во Париз

Објавено пред

Исламисти од “чеченската мрежа“ подготвуваат терористички акт врз Ајфеловата кула, објави денеска парискиот весник “Паризиен“, повикувајќи се на извори во полицијата.

dobivaj vesti na viber

Исламисти од “чеченската мрежа“ подготвуваат терористички акт врз Ајфеловата кула, објави денеска парискиот весник “Паризиен“, повикувајќи се на извори во полицијата. Според весникот, подготовката на овој и на други терористички акти биле откриени за време на испитувањата на двајцата браќа од Алжир, Мамар и Халид Јазан, кои беа приведени во јануари, во Париз, под сомневање за учество во терористичка дејност. “Паризиен“ пишува дека осомничените, во февруари 2002 година, имале контакт со претставници на нелегална група, дел од “чеченската мрежа“, чии членови се обучуваат во логори на бутновниците на територијата на Чеченија и Грузија. Истиот извор наведува дека можни цели на терористите се “руските интереси во Франција“, односно Амбасадата и други организации, како и Ајфеловата кула, голема продавница за женска облека, Амбасадата на Израел и полициски комесаријати./Крај/бг/ис/б



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Извор од Белата куќа потврди дека Израел ја информирал Америка пред нападот врз Катар

Објавено пред

Израел ги предупредил САД дека подготвува воздушни напади врз претставници на Хамас во Катар, изјави висок функционер на Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

„Информирани сме“, рече функционерот, кој сакаше да остане анонимен. Според агенциите, во заедничката изјава на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац се наведува дека по нападот во Ерусалим, израелскиот премиер им наредил на своите безбедносни агенции да подготват напад врз раководството на Хамас.

Се вели дека можноста се појавила денес попладне и дека, со целосна поддршка од одбранбените лидери на Израел, тие заедно одлучиле да дадат зелено светло за нападот.

Се додава дека ИДФ и Шин Бет биле информирани за плановите за нападот синоќа.

Во соопштението се наведува дека Нетанјаху и Кац веруваат дека нападот бил оправдан бидејќи раководството на Хамас стоело зад нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година и пукањето во Ерусалим во понеделник.

Денес, Хамас ја презеде одговорноста за вооружениот напад врз автобуската станица во Ерусалим, во кој беа убиени шест Израелци, а неколку беа повредени.

Ниту Израел ниту Хамас официјално не потврдија дали лидерите на Хамас го преживеале нападот во Катар или биле убиени.

Прикажи повеќе...

Свет

Нетанјаху: Ова е моето последно предупредување до Хамас

Објавено пред

По израелскиот напад во Доха, кој беше насочен кон високи функционери на Хамас и предизвика силни меѓународни реакции, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно јавно нагласи дека Хамас е одговорен за продолжувањето на војната во Газа.

dobivaj vesti na viber

Нетанјаху на прес-конференција изјави дека „напладне ги собрал лидерите на израелските безбедносни служби и одобрил хируршки прецизен удар врз лидерите на Хамас“, нагласувајќи дека ова е исполнување на ветување дадено по масакрот на 7 октомври 2023 година.

„На почетокот на војната, Израел рече дека ќе ги фати оние што го извршија тој ужас. Денес, Израел и јас го одржавме тоа ветување“, рече тој.

Тој им се обрати и на цивилите во Газа.

„Војната во Газа може веднаш да заврши ако Хамас го прифати предлогот на претседателот Трамп. Борете се за вашите права и за вашата иднина. Склучете мир со нас и прифатете го предлогот на претседателот Трамп“, рече израелскиот премиер.

Хамас во неделата објави дека поздравува некои идеи што дојдоа од САД преку медијатори и се повикува на договорот за прекин на огнот во Газа.

Претходно, претседателот Трамп напиша на „Тру соушал“: „Сите сакаат заложниците да се вратат дома. Сите сакаат оваа војна да заврши! Израел ги прифати моите услови. Време е Хамас да го стори истото“.

„Го предупредив Хамас за последиците од неприфаќањето. Ова е моето последно предупредување, нема да има друго!“, додаде Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Изгоре зградата на парламентот и претседателската палата во Непал

Објавено пред

Во немирите што избувнаа во Непал, зградите на парламентот и претседателската палата беа изгорени.

dobivaj vesti na viber

Непалската армија објави соопштение во кое ги обвинува демонстрантите дека ја користат моменталната криза за уништување, ограбување и палење на јавен и приватен имот.

Во соопштението се вели дека доколку ваквите инциденти продолжат, „сите безбедносни институции, вклучително и непалската армија, ќе ја преземат контролата врз ситуацијата“, почнувајќи од 22:00 часот по локално време. Не е разјаснето што конкретно значи ова.

„Ги повикуваме сите граѓани да ја поддржат армијата во овој напор“, се вели во соопштението, додавајќи дека дополнителни информации ќе бидат објавени „по проценката на ситуацијата“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија3 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија7 часа

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија7 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија8 часа

Промовирани новите црвени таблички на службените возила: „Се става крај за нивна злоупотреба во приватни цели“

Службата за општи и заеднички работи – СОЗР ја почна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблички, со што,...

Топ10 часа

„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство

Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени,...

Топ10 часа

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски...

Македонија10 часа

СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на...

Топ10 часа

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија11 часа

Два активни пожара во државата, два под контрола, 29 изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија11 часа

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...

Регион14 часа

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во...

Свет14 часа

Посетата на САД ќе стане поскапа за странските патници од 30 септември

Патниците кои планираат да ги посетат Соединетите Американски Држави наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци бидејќи повисоките такси за...

Свет14 часа

Голема победа за Трамп: Врховниот суд пресуди дека може да продолжи со рациите во Лос Анџелес

Врховниот суд на САД пресуди дека федералните рации за имиграција во Лос Анџелес можат да продолжат, укинувајќи ја претходната забрана...

Европа14 часа

Медведев обвини земја членка на ЕУ дека подготвува напад врз Русија

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, тврди дека денешна Финска, со поддршка на НАТО, води „конфронтациска политика на...

Свет21 час

(Видео) Расте бројот на жртви во судирот на воз и автобус во Мексико: десетици повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 61 се повредени откако товарен воз удри во двокатен автобус северозападно од Мексико Сити, соопштија...

Свет22 часа

Израел: Моќен ураган ќе ја погоди Газа, а покривите на терористичките облакодери ќе се тресат

Израел им порача на жителите на Газа веднаш да го напуштат градот откако предупреди дека ќе ги интензивира воздушните напади...

Европа1 ден

(Видео) Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада. Француското национално собрание гласаше...

Македонија1 ден

(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во...