Свет
Америка со список на нестабилни држави каде би можела да интервенира
Службите за безбедност на САД подготвуваат таен список на 25 држави, со нестабилна ситуација, каде може до дојде вмешување на САД, пишува “Фајненшл тајмс”.
Службите за безбедност на САД подготвуваат таен список на 25 држави, со нестабилна ситуација, каде може до дојде вмешување на САД, пишува “Фајненшл тајмс”. Раководителот на Одделот за реконструкција и стабилизација на американскиот Стејт департмент Карлос Раскуал, за весникот изјави дека списокот ќе се подготвува и обновува од Националниот совет за надворешно разузнавање, на секоја година и половина. На списокот ќе бидат државите со најголема нестабилност и ризик, со цел да бидат определени евентуалните приоритети во меѓународната политика на САД и ресурсите да бидат распределени на соодветен начин. Раскуал истакна дела спречувањето на конфликтите и обновувањето на државните структури уништени во воени судири, се едни од главните надворешно политички предизвици за САД, поради опасноста од тероризмот и ширењето на оружјето за масовно уништување. Според официјални лица, САД воопшто не сметаат дека воената интервенција е единствен начин за помош при окончувањето на внатрешните конфликти и воспоставувањето на државните структури во нестабилните држави. Новинарите пишуваат дека Одделот за реконструкција и стабилизација на американскиот Стејт департмент е формиран неодамна и располага со мал буџет. Од Конгресот се побарани 17 милиони долари за годинава и 124 милиони за идната, што може да значи дека администрацијата на Буш се уште не е одлучила конечно дали и потребна оваа структура./крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.