Контакт

Свет

Ќе се реновира зградата на „Нова Македонија“

Објавено пред

Реконструкцијата на зградата на „Нова Македонија“, која ќе ја изведува фирмата „Адинг“ од Скопје, ќе почне за 15 дена, објави „Тотал“

Реконструкцијата на зградата на „Нова Македонија“, која ќе ја изведува фирмата „Адинг“ од Скопје, ќе почне за 15 дена, објави „Тотал“

 

 

Реконструкцијата на зградата на „Нова Македонија“, која ќе ја изведува фирмата „Адинг“ од Скопје, ќе почне за 15 дена, објави „Тотал“. Директорот на Јавното претпријатие за стопанисување станбен и деловен простор, Владо Стојановски, вели дека дотогаш треба да се реши жалбената постапка покрената од фирмата „Макаус“, која изгуби на тендерот за градежните работи.

Реконструкцијата на 14-катницата, во која порано беше сместена новинско-издавачката куќа „Нова Македонија“, ќе чини 120 милиони денари (околу два милиона евра). Таа вклучува целосна обнова на лифтовите, греењето, електричната инсталација, преградните ѕидови и санација на преостанатиот дел од ентериерот на вкупна површина од 13.000 квадратни метри. Парите за реновирање на зградата се обезбедени од продажбата на Градскиот трговски центар. Планирано е градежните работи да завршат за три месеци.

Според Стојановски, во реновираните простории на НИП-от ќе се вселат министерствата за образование и за локална самоуправа, Агенцијата за државни службеници, Комисијата за заштита на конкуренцијата и други владини служби, кои сега плаќаат кирија за просториите што ги користат.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Разрешена министерката за образование на Мадагаскар откако нарачала лижавчиња за 2 милиони долари

Објавено пред

Министерката за образование во Мадагаскар е разрешена од функцијата, откако за учениците нарачала лижавчиња во вредност од два милиони долари.

Министерката Ријасо Андријаманана претходно кажа дека на секој ученик ќе му бидат дадени три лижавчиња за да го покријат горчливиот вкус на чајот од пелин, за кој претседателот на оваа земја тврди дека е лек против коронавирусот.

Претседателот, Андри Рахоелина, го промовира чајот од пелин како лек против Kовид-19

Неколку африкански земји продолжуваат да ја увезуваат подготовката наречена Covid-Organics, верувајќи дека тоа ќе помогне во борбата против коронавирусот, но од СЗО велат дека сè уште нема лек.

Националната медицинска академија на Мадагаскар исто така се сомнева во ефикасноста на лекот заснован на пелин и дури додаваат дека тоа може да му наштети на здравјето.

Претседателот ги отфрла критиките

Претседателот ги отфрла критиките и вели дека тоа е став на Западот кон Африка.

„Ако некоја европска земја открила лек за коронавирус, дали би било сомнително?“ Не верувам во тоа “, рече тој.

Мадагаскар има околу 1.000 случаи на коронавирус и седум смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Секој треба да носи маска на јавен простор

Објавено пред

Светската здравствена организација ги ажурираше своите насоки во борбата против Ковид-19 и сега препорачува дека секој треба да носи маска за лице на јавен простор „каде постои ризикот од пренесување“.

СЗО ги прошири своите упатства за да им препорача на владите од сите да бараат да носат маски за лице на јавни места каде постои ризик од пренесување на коронавирусот „Ковид-19“ за да помогне во намалувањето на ширењето на пандемската болест.

Во своето ново упатство, поткрепено од доказите од студиите спроведени во последните неколку недели, СЗО истакна дека маските за лице се само една од низата алатки што можат да го намалат ризикот од пренесување на вируси и не треба да даваат лажно чувство за заштита.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, вели дека „Со оглед на новите докази, СЗО советува владите да ја охрабрат општата јавност да носи маски таму каде што има широко распространето пренесување и физичкото дистанцирање е тешко, како на пример за јавен превоз, во продавници или во други ограничени или преполни средини“.

Сепак, останува загриженоста дека маските може самите да станат фактори на ризик – вклучително и да ги натераат луѓето да се чувствуваат помалку склони да продолжат со други мерки како социјално растојание и миење на рацете.

Тедрос додаде „Нашето упатство објаснува и како безбедно да се користи маската. Луѓето можат потенцијално да се заразат ако користат валкани раце за да ја прилагодат маската или постојано да ја вадат и да ја ставаат, без да ги чистат во меѓувреме“.

Тој потенцира дека маската сама по себе не е доволна за да се заштитите од Ковид-19.

Соопштението доаѓа еден ден откако британската Влада препорача носење маски во јавниот транспорт.

Прикажи повеќе...

Свет

„Твитер“ забрани видео на Трамп

Објавено пред

„Твитер“ забрани видео објавено на профилот на американскиот претседател Доналд Трамп, а кое е во спомен на Џорџ Флојд.

Од компанијата велат дека со видеото биле пркршени авторските права.

Видеото содржи фотографии и снимки од протести и примери за насилство по смртта на Флојд за време на полициско апсење, додека Трамп зборува во позадина.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Не се планираат рестрикции од понеделник и покрај бројките на новозаболени

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко...

Македонија3 часа

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот...

Македонија3 часа

Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени. Тој не...

Македонија4 часа

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на...

Македонија4 часа

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде што беше Мицкоски

Одземен е уредот за снимање од кафеаната каде што седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да...

Македонија5 часа

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија7 часа

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Свет7 часа

Босанец осомничен за напад на полицајци при немирите во Њујорк, се поврзува со тероризам

Џенан Камовиќ, Босанец кој живее во Америка, е осомничен дека повредил тројца полицајци во Њујорк. ФБИ сега истражува дали станува...

Топ8 часа

Паркиран камион се придвижил и удрил во две лица во Виница, жена почина на самото место

Во попладневните часови на 4 јуни кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски...

Европа10 часа

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен...

Свет10 часа

(Видео) Илјадници луѓе на комеморацијата за убиениот Џорџ Флојд

Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата за Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис. Меѓу...

Регион22 часа

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион23 часа

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија1 ден

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ1 ден

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија1 ден

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија1 ден

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија1 ден

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион1 ден

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија1 ден

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Досие