Свет
Првиот нов пасош ќе ви го покажам во јуни
Министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски е убеден дека целата работа околу новите пасоши ќе биде готова до крајот на годинава кога е и крајниот рок и дека нема да се доцни, а како потврда на тоа во јуни ќе го покажел првиот нов пасош
ЏАНГО АМБИЦИОЗЕН
Министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски е убеден дека целата работа околу новите пасоши ќе биде готова до крајот на годинава кога е и крајниот рок и дека нема да се доцни, а како потврда на тоа во јуни ќе го покажел првиот нов пасош
Министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски – Џанго вчера вети дека првиот нов пасош ќе го покаже во првата половина на јуни. Тој повторно ја убедуваше јавноста дека не се пробиени роковите за изработувањето на новите лични документи.
"Во јавноста се шират многу шпекулации дека се доцни со новите патни исправи. Затоа ќе повторам дека рокот е крајот на 2006 година и до тогаш ќе ги имаме новите пасоши. Несериозно е сега да кажувам точни датуми и часови кога ќе биде завршена работата со новите пасоши, но роковите ќе бидат запазени. Во првата половина на јуни ќе ви го покажам првиот нов пасош", рече вчера министерот Михајловски по завршувањето на одбележувањето на 7 Мај, Денот на полицијата во Скопје.
Михајловски побара од јавноста да не шпекулира ниту околу цената на новите пасоши која се уште не е позната.
"Цената на новите патни исправи се уште не е позната и дополнително треба да се разговара за неа и да се утврдува. Но, ве уверувам дека нема да биде висока, туку ќе биде достапна за сите", речи Михајловски.
До пред само неколку недели на адреса на македонското МВР стигнуваа обвинувања дека на големо се доцни со изработката на пасошите и дека победникот на тендерот нема да може да ги запази утврдените рокови. Обвинувањата беа дека работата толку многу заглавила што се уште не бил екипиран експертскиот тим и се уште се поставувала основната опрема.
МВР веднаш ги демантираше обвинувањата со тоа дека се тече според плановите и дека новите пасоши ќе бидат готови до крајот на годината кога е и крајниот рок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

