Свет
Војо, Ламбе, Даравелски, Тамбурковски и Пауновски ќе се амнестираат
Службеното лице нема да одговара според Кривичниот законик, ако не е предвидена одговорност во некој друг закон за неговиот делокруг на работа и за работните обврски.
НАМЕНСКА ИЗМЕНА НА ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ДОЛЖНОСТ И ОВЛАСТУВАЊАТА
Службеното лице нема да одговара според Кривичниот законик, ако не е предвидена одговорност во некој друг закон за неговиот делокруг на работа и за работните обврски.
Ова, според правните експерти ќе биде резултат од набрзина и без никаква расправа изменетиот член 353 од КЗ во петокот, по амандман од пратеникот од ВМРО-Народна Жарко Караџоски.
"Ако со посебен закон не се предвидени санкции за конкретните кривични дела што ги сториле Војо Михајловски, Ламбе Арнаудовски, Владислав Тамбурковски или Драган Даравелски, додека биле на функциите, со најновата измена на членот за злоупотреба на службената положба и овластувањата, во овие актуелни случаи кривични дела – нема!", заклучуваат судиите и другите правни експерти што ги консултиравме. Според нив, ублажувањето за злоупотребата ќе важи за сите осомничени, обвинети и осудени функционери, чии пресуди не се правосилни, односно чии постапки не се завршени.
Пратеникот Ефтим Манев од ВМРО-ДПМНЕ вчера изјави: "Измената на овој член е наменска, мислам дека се работи за одреден број лица кои кривично се гонат, тече судење или се осудени, или се идни што треба да се гонат. ВМРО-Народна за ова се договори со СДСМ". Според него, со амандманот се дава една помека форма при утврдувањето на една службена одговорност. "Фактички, доколку не е предвидена одговорност во некој друг закон за неговиот делокруг на работа службеното лице нема да одговара според КЗ. Сметам дека треба поконкретна измена во Законикот за овој член. Одредбата не е доволно дефинирана, таа е уште од социјалистичкиот систем. Во повеќе европски закони под злоупотреба на службената положба и овластувањата прецизирани се кривичните дела. Кај нас не ќе може да се чепкаат одредбите за ова кривично дело се додека не се подготват измени, односно замена на членот 353, каде делата ќе бидат доволно дефинирани. Вака како што се оди сега, голем дел од службениците нема да одговараат за својот домен на работа, ако направат повреда на законот", вели правникот Манев, кој вчера беше револтиран дека на листингот стои дека и тој позитивно гласал за амандманот со кој не се согласува. Тој тврди дека во моментот на гласањето бил надвор од салата и дека ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ни од Либерална партија немало пратеник внатре. "Некој го притиснал моето копче, но не можам да лоцирам кој од колегите што се во негова близина го сторил тоа. "Најблиску беше Михајло Георгиевски, а тој гласал ‘за’ за амандманот", рече Манев. И неговите сопартијци Ѓорѓе Паљошковски и Илија Србиновски вчера тврдеа дека некој го злоупотребил нивното отсуство од собраниската сала и позитивно гласал во нивно име за фамозниот амандман на Караџоски. (С.К.Д.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos

