Свет
МВР ги крие беспилотните летала и обвинува дека не постојат
Едно беспилотно летало набавено во времето на министерувањето на Љубе Бошковски се наоѓало во хангарите на МВР, а друго летало, иако било платено и регистрирано како сопственост на полицијата, МВР се уште не го презело од купувачот, тврдат високи полициски извори.
Александар Божиновски
Едно беспилотно летало набавено во времето на министерувањето на Љубе Бошковски се наоѓало во хангарите на МВР, а друго летало, иако било платено и регистрирано како сопственост на полицијата, МВР се уште не го презело од купувачот, тврдат високи полициски извори.
За овој случај во Основниот суд Скопје 1 со месеци се води судски процес во кој се обвинети Александар Цветков, поранешниот началник на одделението за оперативна техника на МВР, Николетка Митанова, поранешна советничка за финансии во тоа министерство, и Митко Кикереков, бизнисмен од Скопје. МВР и скопското обвинителство кривично ги гонат овие тројца дека наводно само фиктивно ја направиле набавката, односно дека леталата никогаш не биле донесени во земјава.
„Време“ дојде до фотографиите од двете спорни летала. На фотографијата на која е прикажано леталото тип „БЛЦ – 130“ (беспилотно летало модел Ц-130) јасно се гледа ознаката на „ФОП“. Леталото било склопувано во халите на скопската фабрика „МЗТ ФОП“. Ова летало веќе две години било во хангарите на МВР.
Второто летало, од типот „БЛЦ-100“, исто така било сопственост на МВР. Нашите извори наведуваат дека за него веќе биле регулирани сите документи. Сепак, леталото се наоѓало во една приватна скопска фабрика. Останува непознато зошто полицијата не сака да си го земе.
МВР одби официјално да го коментира случајот.
– Додека во судот се води постапка за тој случај, ние нема ништо да коментираме. Ако судот смета дека не држи обвинението, нека го отфрли – кратко одговори Горан Павловски, портпарол на МВР.
Во обвинението за беспилотните летала се вели дека Цветков и Митанова наводно подготвиле фиктивна документација за набавка. Во зделката учествувал и Кикереков, кој за своите услуги наплатил околу 64.000 евра. Во документот пишува дека од јуни 2001 до октомври 2002 година Цветков и Митанова го оштетиле МВР за повеќе од 500.000 евра. Митанова, по налог на Цветков, склучила договор со фирмата „Компакт М“ од Скопје за набавка на леталата „БЛЦ-100“ и „БЛЦ-130“ во вредност од 420.000 евра. Околу 13 милиони денари биле исплатени, но леталата не биле испорачани, тврди обвинителството. Митанова не го раскинала договорот, туку го ангажирала „МЗТ-ФОП“ за изработка на леталата. Обвинителството смета дека Митанова и Цветков им наредиле на членовите на комисијата во МВР да го потпишат записникот како да ги примиле леталата. Тие потпишале и друг записник – дека едно летало паднало и било сосема уништено. Но, „МЗТ-ФОП“ не ја добиле втората половина од парите, туку Митанова преку цесии парите им ги префрлила на други шест фирми.
Полициските извори велат дека и овој дел од обвинението не држи затоа што во МВР постои записник за падот на леталото. Документот бил третиран како службена тајна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

