Свет
Побарано ново судење за "Бачило"
По добивањето на новиот доказ од Обвинителството за повторување на постапката за отштетата од 720.000 евра
По добивањето на новиот доказ од Обвинителството за повторување на постапката за отштетата од 720.000 евра
Јавното правобранителство сега бара повторување на постапката
Гордана Дувњак
Јавното правобранителство на Македонија денес ќе поднесе предлог за повторување на постапката за "случајот Бачило". Предлогот утрово ќе биде доставен до Основниот суд Скопје 1, истиот оној суд кој ја донесе правосилната судска пресуда, со која државата се задолжи да му плати на контроверзниот Иснифарис Џемаили од Камењане над 720.000 евра како надомест за штета за наводното рекетирање на бачило за време на воениот конфликт во 2001 година. Доколку во меѓувреме судијката Снежана Попчевска не биде разрешена од судиската функција поради нестручно и несовесно постапување за истиот предмет, како што предлага Републичкиот судски совет, голема е веројатноста "случајот Бачило" повторно да се врати во рацете на истата судијка. Тоа нема да се случи и во случај некоја од странките во постапката, а тоа се Јавното правобранителство и тужителот, да побара изземање на Попчевска. Токму околу одговорноста на споменатата основна судијка од "единица" денес ќе расправа и Општата седница на Врховниот суд, која треба да изгради мислење, кое потоа ќе му биде доставено на РСС за да изгради конечен став.
Јавното правобранителство на Македонија во текот на вчерашниот ден го разгледуваше предметот "Бачило" и одлучи да го даде на натамошно судско процесуирање. Клучен доказ во новиот судски процес ќе биде фалсификуваната потврда за загинатиот добиток што ја издал ветеринарот од Камењане Мухамед Арифи, што ќе се смета и за нов доказ во постапката. Изјавата на Арифи е содржана во записникот за текот на досегашната истрага за "Бачило", кој Јавното правобранителство го доби од Обвинителството, во кое сведокот потврдува дека издал лажен документ без увид на самото место. Ветеринарот од Тетовско, кој и самиот ќе биде кривично гонет, во текот на истрагата тврдел дека не му било познато зошто ќе се користи спорниот документ. Од страна на Џемаили нему му било кажано дека документот се бара заради добивање концесија за користење пасиште, но не и за судски процес.
Државниот јавен обвинител на Македонија, Александар Прчевски, во последната изјава за "Утрински весник" кажа дека ова не е крај на истрагата за "Бачило" и оти ќе се продолжи и натаму, с? до целосното расветлување на целиот случај.
Обвинителството, сепак, процени дека во овој момент понудиле нови докази за да може Јавното правобранителство да предложи повторување на судската постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

