Свет
Продолжува војната за гасоводот меѓу државата и "Макпетрол"
"Макпетрол" ќе бара целосна ревизија на судскиот процес и усвојување на протоколот за заедничко управување со гасоводот
Иако Апелациониот суд ја назначи државата за сопственик на гасоводот
"Макпетрол" ќе бара целосна ревизија на судскиот процес и усвојување на протоколот за заедничко управување со гасоводот
МАЈА ТОМИЌ
"Макпетрол" ќе поднесе барање до Врховниот суд за целосна ревизија на досегашниот судски процес што се водеше за докажување на правото на сопственост врз гасоводот поради низа забелешки во судските процедури. Од оваа компанија велат дека се незадоволни од донесената одлука од повеќе причини. Во време кога с? се продава и приватизира во државата власта прави обратен процес и сака присилно да преземе објект во кој има приватен капитал, што претставува драстична повреда на приватната сопственост. Од компанијата бараат итно, до крајот на неделата, Владата да го усвои двостраниот протокол со "Макпетрол" за заедничко управување со гасоводот, што е во функција на стопанството и на домашните корисници на овој енергенс. "Доколку државата стане сопственик на гасоводот, тоа ќе биде акт на експропријација и национализација. Никој на државата не ? го оспорува фактот дека таа има капитал во гасоводот, но не може да се занемари фактот дека во него има и приватна сопственост, што е највисоко почитувана категорија во ЕУ", велат во компанијата. "Макпетрол" уште пред два месеца, додека траеше судскиот процес, најавуваше тужби поради пристрасност во вештачењето и претрпена финансиска штета.
Реакцијата од компанијата доаѓа по завчерашната одлука на Апелациониот суд дека државата е сопственик и треба да управува со гасоводот. Според одлуката, државата треба да ја преземе во владение гасоводната цевка, а "Макпетрол" доби рок од 15 дена да ? го предаде раководењето. Одлуката е конечна и без право за жалба. Останува неизвесно како и кога државата ќе стане способна да управува со гасоводот ако се знае дека "Гама", кое законски стана надлежно за управување со гасот, три години има блокирана сметка. Згора на тоа, Владата пред два месеца одобри милион евра за негово рестартирање, но досега не се префрлени никакви пари.
Спорот меѓу државата и нафтената компанија трае околу една деценија, при што државата сака да докаже сопственост од над 70 отсто. Според претходната судска пресуда од пред два месеца, државата има право на 55 отсто од гасоводот, а на "Макпетрол" му припаѓа остатокот. Пресудата беше донесена врз основа на извештаите на судските вештаци, кои работеа на докажувањето на сопственоста од јули минатата година. И Владата и "Макпетрол" не беа задоволни од утврдениот процент на сопственоста. Државата тврди дека му дала на "Макпетрол" 14,5 милиони евра за изградба на гасоводот, со што станала негов мнозински сопственик. Од "Макпетрол"обвинија дека извештајот на вештаците е фризиран и е во интерес на државата, поради што трпат штета од 13 милиони долари.
Долгогодишното натегање за сопственоста на гасоводот го одложува процесот на гасификација во земјава и влезот на инвестиции во гасоводниот систем, со кој треба да се гасифицираат и домаќинствата. Македонија се наоѓа на дното во Европа според процентот на користење на овој енергенс. Гасот покрива само два отсто од енергетските потреби во земјава, наспроти енормно високиот процент на користење на електричната енергија, која е многу поскапа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција
Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на смрт, е ослободен со кауција, објавија групите за човекови права и иранските државни медиуми. 26-годишниот Солтани беше уапсен минатиот месец додека земјата беше потресена од протести што предизвикаа насилна владина репресија, објави Си-Ен-Ен.
Тој беше приведен на 10 јануари во неговиот дом во Фардис, град на околу 40 километри западно од Техеран. Според државната телевизија IRIB, тој беше обвинет за „собирање и договарање против внатрешната безбедност на земјата“ и „пропагандни активности“ против режимот.
По неговото апсење, американскиот Стејт департмент и роднина на Солтани изјавија дека иранските власти имаат намера да го погубат. Иранското судство ги отфрли тврдењата како „измислени вести“, објави IRIB. Семејството на Солтани подоцна изјави дека неговата егзекуција е одложена. Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека добил уверенија од „доверливи извори“ дека Иран не планира егзекуции и го предупреди Техеран да не го прави тоа, велејќи дека САД ќе „преземат силни мерки“.
Во саботата, Солтани беше ослободен со кауција, потврди норвешката организација за човекови права „Хенгау“. Неговото ослободување го потврди и иранскиот државен медиум „Прес ТВ“ во објава на Телеграм.
Неизвесната судбина на Ерфан Солтани стана еден од најмеѓународно следените случаи за време на масовните антивладини протести што го зафатија Иран минатиот месец. Иранските безбедносни сили одговорија со брутална репресија и продолжено исклучување на интернетот низ целата земја.
Свет
Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор, по неговите бројни закани кон карипската земја.
„Разговараме со народот на Куба, со највисоките функционери во Куба“, изјави американскиот претседател за новинарите во Флорида.
„Ќе видиме што ќе се случи“, додаде тој, но „мислам дека ќе постигнеме договор со Куба“.
Откако беше соборен претседателот во Венецуела, главниот сојузник на Куба, Доналд Трамп постојано ѝ се закануваше на владата на комунистичкиот остров.
Зборувајќи за „неуспешна“ и „нестабилна“ земја, тој истакна дека Куба „веќе ја нема Венецуела да ја поддржува“.
Трамп, кој веќе ги прекина испораките на венецуелска нафта за Куба по апсењето на Николас Мадуро на почетокот на јануари, во четврток потпиша извршна наредба со која се предвидува дека САД можат да воведуваат тарифи за земјите што продаваат нафта на Хавана.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.

