Свет
Ризик од декриминализација на корупцијата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/84ecf311-70b5-4927-b9ad-012708efc02e-2610.jpeg)
Корупцијата се декриминализира и се создаваат услови за неприкосновеност во извршувањето на службената должност, смета Антикорупциската комисија во врска со предложените измени на одредбата за злоупотреба на службената положба и овластувања од Кривичниот законик.
АНТИКОРУПЦИСКА
Корупцијата се декриминализира и се создаваат услови за неприкосновеност во извршувањето на службената должност, смета Антикорупциската комисија во врска со предложените измени на одредбата за злоупотреба на службената положба и овластувања од Кривичниот законик.
Комисијата соопшти дека „предложената измена претставува сериозен упад во системот на кодифицираното кривично-правно законодавство во Македонија. Таа претставува дерогирање на можностите за ефикасна борба против корупцијата“.
Комисијата нагласува дека никој не ја консултирал за измената на оваа законска одредба, иако таа има законска надлежност да дава мислења за закони од областа на корупцијата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Од израелскиот затвор ослободени 55 Палестинци, меѓу кои и директорот на болницата Ал-Шифа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/vc.jpg)
Неименуван функционер на палестинското Министерство за здравство во окупираниот Појас Газа потврди дека Израел денеска ослободил 55 Палестинци од заробеништво, меѓу кои и Мохамед Абу Селми, директорот на главната болница Ал-Шифа.
Мохамед Абу Селмија беше уапсен во ноември 2023 година кога израелските сили извршија рација во болницата Ал-Шифа, според АП.
Во видео изјава емитувана на палестинските медиуми по неговото ослободување, Абу Селми ги обвини израелските власти дека ги подложуваат палестинските затвореници на „секојдневно физичко и психичко понижување“, но Израел веднаш ги отфрли таквите обвинувања.
Свет
Галант: Хамас не може да се опорави од израелските операции во Појасот Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/galant2.jpg)
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за време на посетата на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа изјави дека Хамас не може да се опорави од израелските операции кои го уништија оружјето и подземните тунели на палестинските милитантни групи.
Галант оцени дека Хамас повеќе нема средства да се вооружува, да се опреми, дека не може да донесе засилување, објави Тајмс оф Израел.
„Нивниот борбен дух е скршен и времето всушност работи против нив, а не за нив“, рече Галант.
Тој повтори дека целта на израелската операција во Појасот Газа е целосно уништување на Хамас.
Регион
Нов сведок во случајот со убиството на Данка: по 5 месеци во полиција изјавил дека џогирал покрај ѓубриштето во моментот кога осомничените го фрлале телото на девојчето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/danka-ubijci.jpg)
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар за 5 јули е закажано сослушување нови сведоци во истрагата за убиството на Данка Илиќ од Бор, која како што се сомнева, ја убиле работниците на ЈКП „Водовод“ од Бор, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ. Како што објави Нова.рс, сослушувањето на еден од нив е од големо значење за истрагата.
„Станува збор за двајца соседи од Бањско Поље, од кои не се очекува ништо пресудно. Но, маж од Бор, кој е трет сведок, контактирал со надлежните и рекол дека џогирал точно во моментот кога осомничените биле на буништето и наводно го фрлиле телото“, вели изворот и додава:
„Што точно видел, зошто дури сега се јави, ќе се знае во петок. Постои можност неговото сведочење да докаже дека навистина го фрлиле убиеното дете на ѓубриште…“
Инаку, осомничениот Дејан Драгијевиќ, кој на рочиштето во обвинителството по апсењето го призна делото и детално го опиша, побара обвинителството повторно да го сослуша.
Адвокатката Вања Живковиќ рече дека до денес не добила потврден или негативен одговор дали обвинителството ќе го прифати повторното испитување на нејзиниот клиент Дејан Драгијевиќ.
Инаку, Драгијевиќ во образложението зошто сака дополнително рочиште вели „за да се расветлат околностите и изнесените факти кои ги ставил на записник на рочиштето на 5 април 2024 година“.
За потсетување, осомничени за убиството на Данка Илиќ се Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ од селото Злот кај Бор, кој го признал делото велејќи дека го удриле девојчето со возило на „Водовод“ Бор, по што со голи раце ја задавил. Тој откри и дека неговиот татко Радослав и сега починатиот брат Далибор му помогнале да го сокрие телото на девојчето, кој, неколку часа по апсењето почина во полициската управа Бор.