Свет
Папата Јован Павле Втори почина
Папата Јован Павле Втори почина во сабота во 21, 37 часот во своите одаи во Апостолската палата во Ватикан, соопшти вечерва одделението за печат на Светата столица.
Папата Јован Павле Втори почина во сабота во 21, 37 часот во своите одаи во Апостолската палата во Ватикан, соопшти вечерва одделението за печат на Светата столица “Светиот отец почина во 21.37 часот во своите одаи. Започнаа сите постапки што Папата Јован Павле Втори во 1996 година ги запиша во Апостолската конституција во случај на негова смрт“, пишува во соопштението за јавност на одделениот за печат на Ватикан. Веста за смртта на Папата пред повеќе од 50 илјади верници собрани на Плоштадот Свети Петар во Ватикан ја соопшти кардиналот Камило Руини. Десетици илјади верници, кои во Ватикан се молеа за Папата со солзи ја примија веста за неговата смрт. Од денеска во Ватикан започнува деветдневна жалост, а погребот на Папата треба да биде извршен меѓу четвртиот и деветиот ден по смртта, во Базиликата свети Петар во Рим, доколку тој не назначил поинаку во својот тестамент. По смртта на папата црквата ја презеде кардиналот Камерленго Едуардо Мартинез Сомало, кој треба да ја подготви Конклавата на која ќе биде избран новиот папа. Конклавата треба да се состане по 15 до 20 денови. Во Ватикан треба да дојдат 117 кардинали кои имаат право да учествуваат во изборот на нов поглавар на Римокатоличката црква. Изборот на новиот папа, кој треба да добие две третини плус еден глас од учесниците на Конклавата, се соопштува со бел чад од Сикстинската капела./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

