Свет
Локацијата во паркот продадена за 1.500 денари квадрат

Земјиштето на кое се гради комплексот државата го продала во јуни 2002 година
Од име на државата, договорот за продажба го потпишал тогашниот министер за транспорт и врски, Љупчо Балковски
Земјиштето на кое се гради комплексот државата го продала во јуни 2002 година
Од име на државата, договорот за продажба го потпишал тогашниот министер за транспорт и врски, Љупчо Балковски
БИЛЈАНА АНГЕЛОВСКА
Земјиштето во Градскиот парк на кое се гради големиот комерцијално-деловен и станбен комплекс беше во државна сопственост сў до јуни 2002 година, кога е продадено на фирмата †М.Џ. Риком интернационалли. На 11 јуни 2002 година државата продала 7.385 квадратни метри по цена од 1.500 денари квадрат, за што е склучен договор број 16-5814.
Од име на државата договорот го потпишал Љупчо Балковски, тогашен министер за транспорт и врски. Сопственикот на фирмата, за земјиштето на кое сега гради апартмани што ги продава по 1.500 евра од квадрат, платил околу 180.000 евра. Локацијата претходно ја користеше †Феротуристти и тоа врз основа на закуп, за што плаќаше закупнина за привремени објекти.
Инаку, фирмата †М.Џ.Риком интернационал Ѓорѓи и дрри во Трговскиот регистар на Основниот суд Скопје 1 е регистрирана како Друштво за градежништво, трговија и услуги со капитал во вредност од 186 илјади денари и тоа во предмети. Основачи на Друштвото се Ѓорѓи Трпевски од САД, Лин Черил-Ристеска од Австралија (сопруга на Борче Ристески, сопственик на фирмата †Рикомми) и †Рикомми, друштво за производство, промет и услуги од Скопје. Трпевски и Ристеска вложиле предмети во вредност од 46.500, додека влогот на †Рикомми изнесува 93.000 денари, исто така во предмети. Значи, фирмата е основана со мешан (странски и домашен) капитал од тројца основачи, од кои двајца вложиле по околу 750 евра, а третиот 1.500 евра. Со толкав капитал, новоформираната фирма ДОО †М.Џ.Риком интернационалли, чиј застапник е Борче Ристески, потпретседател на ФК Вардар, ја купила локацијата во Градскиот парк.
Друштвото е регистрирано за вршење многу дејности кои, споредени едни со други, немаат никакви сличности, ниту допирни точки. Така, меѓу другото †М.Џ.Рикомми е регистрирана и за купување и продажба на подвижни предмети, за банкарски дејности, за угостителско туристичка дејност, информативна дејност, маркетинг и други трговски услуги, за издавачка и печатарска дејност и други работи поврзани со трговија со книги и уметнички творби, но и со купување, изградба и уредување недвижни имоти со цел за продажба (она што моментално, всушност, е нејзина главна дејност).
Како што веќе пишуваше †Утринскиии, на локацијата се гради голем комплекс со површина од над 33.000 квадратни метри, а партнер на †М.Џ.Риком интернационалли во инвестицијата е една фирма од Германија. Објектот се гради повеќе од три години, со целосно обезбедена документација и платени комуналии за комерцијално деловен објект и хотел, иако според Генералниот урбанистички план на Скопје на тоа место треба да постои катна гаража.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белата куќа: Зеленски оди во погрешна насока, Трамп е фрустриран

Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит ги демантираше тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп му дал ултиматум на украинскиот претседател Володимир Зеленски до крајот на денот да го прифати постоечкиот предлог за мировен договор, во спротивно САД ќе се повлечат од преговорите.
„Не, не до крајот на денешниот ден“, рече Левит.
Сепак, Левит потврди дека Трамп е сè пофрустриран од ситуацијата и дека сака да го види крајот на овој конфликт.
Таа додаде дека Зеленски оди во погрешна насока кога се во прашање мировните преговори и дека се обидува да ги води преговорите преку медиумите, што е неприфатливо за претседателот.
„Неговото трпение е при крај“, рече Левит, мислејќи на Трамп.
Претходно денеска, Трамп го обвини Зеленски дека ја продолжува војната со своите запаливи изјави, откако украинскиот претседател рече дека неговата земја правно нема да ја признае окупацијата на Крим.
Свет
На Карлос Сантана му се слоши пред настапот во Тексас, итно префрлен во болница

На легендарниот музичар Карлос Сантана му се слошило пред настап во Тексас и итно бил префрлен во болница поради дехидрација, јавува „Си-Ен-Ен“.
Мајкл Врионис, претседател на „Јуниверзал саунд Менаџмент“ и претставник на Сантана, ја информираше својата публика во изјава за магазинот „Пипл“ дека со длабоко разочарување мора да соопшти оти шоуто во Сан Антонио е одложено.
Тој изјавил дека Сантана бил во театарот „Маџестик“ и се подготвувал за настапот кога доживеал инцидент за кој подоцна било утврдено дека е дехидрација.
„Како мерка на претпазливост и за здравјето на Сантана, одлуката да се одложи настапот беше најразумниот потег“, истакна тој.
Врионис додаде дека на музичарот му оди добро и со нетрпение очекува наскоро да се врати во Сан Антонио и да ја продолжи турнејата во САД.
Свет
Папата не се избира како што е прикажано во филмот Конклава – кардинал раскажа што се случува зад затворените врати во Ватикан

Изборот на новиот папа не се случува како во филмот Конклава, изјави кардиналот од Келн, Рајнер Марија Воелки. Кардиналот ќе учествува во изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква.
Велки изјави за ДПА дека го гледал трилерот со Ралф Фајнс.
„Добро се забавував, но реалноста е сепак сосема поинаква“, вели.
Келнскиот кардинал е еден од 135-те кардинали кои го избираат наследникот на починатиот папа. Учествуваше и на конклавата во 2013 година, кога беше избран папата Франциско.
Како што рече, она што најпрецизно е прикажано во филмот е изолацијата на учесниците на конклавата во Систинската капела.
„Треба да се разликува самата конклава од таканаречената претходна конклава. Тогаш се собираме, разговараме, ги изнесуваме нашите ставови. Има кафе паузи, состаноци за вечера, се запознаваме. Се разбира, тогаш се искажуваат различни мислења. Тоа е она што му претходи на главниот настан. И кога самата конклава започнува, тоа е веќе еден вид прекин – што веќе јасно се гледа од фактот дека сите кардинали се преселуваат во Домот Санта Марта“.
„Таму мора да се предадат сите електронски уреди, сите мобилни телефони. Секој добива своја соба. Многу добро се сеќавам кога последен пат стигнав во мојата соба. Прозорците беа запечатени, ролетните затворени. Не можев да ја видам дневната светлина“.
Кардиналите јадат заедно, се молат на миса и секој ден одат од Санта Марта до Сикстинската капела.
„Станува збор за 500, 600 метри. Обезбедено е возило за старите лица и оние со потешкотии во движењето. Се’ се одвива во одлична атмосфера на молитва“, објаснува Велки.
„Нема големи емотивни испади, како што е прикажано во филмот. Во претходната конклава може да има нешто пожешко, нешто поконтроверзно, можам да го замислам тоа, и тоа е добро. Така ги спојуваме различните погледи на Црквата од целиот свет и заедно одиме кон одлука. Во самата конклава има поинакво расположение”.
Папата Франциско, додаде, и тука го покажал патот, бидејќи особено посветил внимание на синодалната заедница.
Така, тој воведе нов стил на однесување, каде најпрвин достоинствениците се слушаат меѓусебно и го слушаат Божјиот глас.
„И моите лични искуства потврдуваат дека Бог води од различноста кон единство. Наша задача е да се отвориме, за да препознаеме каде сака да нè води. Препознавањето на тоа е голем предизвик“, изјави.