Свет
ООН и САД не се договорија за посетите во Гвантанамо
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/84ecf311-70b5-4927-b9ad-012708efc02e-3977.jpeg)
Обединетите нации и САД не постигнаа договор околу условите под кои во затворот Гвантанамо на Куба би била испратена експертска мисија со задача да ги истражи злосторствата кои се сторени таму.
Обединетите нации и САД не постигнаа договор околу условите под кои во затворот Гвантанамо на Куба би била испратена експертска мисија со задача да ги истражи злосторствата кои се сторени таму. Ова синоќа го изјави специјалниот известувач за случаи на измачување при ОН Манфред Новак. По средбата со американскиот амбасадор за прашања за воени злосторства за прашањата за воени злосторства Пјер Ришар Проспер, Новак ја извести Комисијата за човекови права, составена од претставници на 53 земји, дека американските претставници не го гарантираат тоа што е главен предуслов за такви посети – можноста истражувачите да разговараат насамо со затворениците./крај/тн/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Нетанјаху: Израел напредува кон елиминирање на терористичката Хамас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/677z381_netanjahu-iran.jpg)
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел „постигнува напредок кон елиминација на терористичката Хамас“.
Нетанјаху, обраќајќи им се на учесниците на Колеџот за национална одбрана, рече дека има продолжување за победување на остатоците од Хамас, пренесоа израелските медиуми.
Тој додаде дека интензивната фаза од битката во Рафа е при крај и ја нагласи важноста од постигнување на сите цели во војната: враќање на заложниците, спречување на Хамас да владее со Газа, без да има воена контрола, како и спречување повторно да бидат закана за Израел.
Нетанјаху вели дека е посветен на враќањето на жителите на јужните и северните погранични населби кои не беа во можност да живеат безбедно во своите домови откако Хамас го нападна јужен Израел на 7 октомври минатата година, кога започна војната во Газа и прекуграничните судири со либанскиот Хезболах.
На предавањето на израелскиот премиер присуствуваа странски студенти од Германија, Јапонија, Италија, Чешка и Кореја, пренесоа израелските медиуми.
Свет
Несреќа во градинка во Сиетл: на двегодишно момче морале да му го ампутираат стапалото
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-01-192553.jpg)
На двегодишно момче му го ампутирале стапалото по страшна несреќа во градинка.
Официјални лица во државата Вашингтон велат дека несреќата се случила кога косилка зграпчила дете во градинка во Квинси, која се наоѓа на околу 200 километри источно од Сиетл.
– Работникот косел трева кога детето дошло кај него. Сечилото го фатило за нога и го повлекло под косилката. Стапалото на детето е ампутирано и има сериозни повреди на десната нога – според началникот на локалната полиција во Квинси, Рајан Грин.
Момчето прво било пренесено во локалниот медицински центар од каде поради сериозноста на повредите било префрлено во медицинскиот центар во Сиетл. Лекарите се борат да му го спасат остатокот од ногата.
Ангела Акселсон, пријателка на семејството на момчето, отвори страница „GoFundMe“ за да собере помош.
– Двегодишниот син на мојот пријател е тешко повреден во својата градинка каде го прегазила косилка. Имаат големо семејство и навистина се во тешка ситуација. Моментално се наоѓа во детска болница во Сиетл, каде морале да му го ампутираат стапалото – изјави Акселсон.
Дозволата за работа на градинката е суспендирана додека трае истрагата.
Регион
(Видео) Невреме ја зафати Словенија: градот ги искрши стаклата на автомобилите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/slovenija-nevreme.jpg)
Невфреме со силна бура ја зафатаи Словенија и во попладневните часови се префрли на северозапад од земјата.
Синоптичарите предупредија дека во текот на денот невреме со врнежи ќе ја зафати цела Словенија.
Според „N1 Словенија“, невремето со ветер ќе го зафати словенечкото крајбрежје и голем дел од Истра.
Според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина, најсилното невреме се случило во Долењска. Градот предизвикал најмногу проблеми особено во сообраќајот, бидејќи возачите пријавиле скршени шофершајбни.
Читател на N1 Словенија пријавил дека ветробранското стакло од неговиот автомобил било искршено од силниот град. Според неговата изјава, условите во близина на Ново Место биле ужасни и повеќето од автомобилите имале скршени шофершајбни. Според објавите во група на Фејсбук, луѓето застанувале под надвозникот иако тоа било забрането.
Како што објави сајтот „ Неверин“, посилно невреме доаѓа од Словенија веднаш на влезот во Хрватска, а се очекува и во Босна и Херцеговина. Агенцијата за водено подрачје на реката Сава упати важно предупредување до граѓаните поради можни поплави.