Свет
Командантот Мујо бил изрешетан со 8 куршуми
Првичната истрага покажала дека убиството не било планирано, туку осомничениот Горан Стојковски – Линка кога видел дека Мујо му го дави синот го грабнал пиштолот, кој го поседувал со дозвола и убил
ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО ВО КУМАНОВО ВО БЕГСТВО
Првичната истрага покажала дека убиството не било планирано, туку осомничениот Горан Стојковски – Линка кога видел дека Мујо му го дави синот го грабнал пиштолот, кој го поседувал со дозвола и убил
Горан Стојковски – Линка, осомничен за убиството на Горан Георгиевски – Мујо и Ненад Вељковски – Чавка, вчера се уште беше во бекство, недостапен за полицијата. Шпекулациите во кумановската чаршија дека вчера наутро Стојковски сам се предал на органите на прогон, од СВР Куманово ги демантираат и тврдат дека тие засега немаат сознанија каде се крие. Обдукцијата на телото на Георгиевски покажала дека тој починал од повреди нанесени од 7 куршуми во пределот на градите и една во раката. Наодот од обдукцијата на Вељковски вчера не беше пристигната од Скопје.
Здравствената состојба на ранетиот Роберт И. кој се уште се наоѓа во Ургентниот центар во Скопје е подобра и не е во животна опасност. Мотивите за убиството на Мујо и Чавка не се утврдени оти недостасува исказот на осомничениот Стојковски.
Од полициски извори дознаваме дека првичната истрага покажала дека убиството не било планирано, а дека најверојатно во момент на силна раздразливост и афект, кога видел дека Мујо му го дави синот, осомничениот посегнал по пиштолот, кој го поседувал со дозвола и убил.
Крвавата пресметка се случи завчера во 1 часот по полноќ пред ноќниот бар “Линка”, кога поранешниот командант на “Лавовите” заедно со уште неколкумина пријатели се обидел да влезе во дискотеката. Синот на осомничениот, Марко Стојковски, го спречил поради што Мујо се нафрлил врз него и почнал да го дави. Напомош му дошол татко му Горан и со неколку куршуми смртно ги ранил Мујо и Чавка, а ги повредил Марина и Драган Илиќ и Роберт И. Во Медицинскиот центар во Куманово Горгиевски им подлегнал на повредите, а Вељковски починал во Ургентниот центар во Скопје. По крвавата пресметка сопственикот на барот “Линка”, Стојковски со својот автомобил побегнал.
Вчера напладне на градските гробишта во Куманово почнаа да се собираат млади луѓе и поранешни припадници на единицата за брза интервенција “Лавови” од сите краеви на државата. Некои од нив беа облечени во црни маици со обележјето на “Лавовите” и испишани имиња на убиените.
С. Н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.