Контакт

Свет

Погреб на папата

Објавено пред

Папата Јован Павле Втори, кој почина во саботата, денеска ќе биде погребан во Базиликата Свети Петар во Ватикан.

dobivaj vesti na viber

Папата Јован Павле Втори, кој почина во саботата, денеска ќе биде погребан во Базиликата Свети Петар во Ватикан.

Погребната миса, што ќе ја води деканот на кардиналскиот собор Јосеф Ратцингер треба да започне во 10 часот, а по три часа ќе започне погребот, на кој се очекува да присуствуваат околу пет милиони луѓе и близу 200 официјални делегации од целиот свет.

Македонската делегација, што ја предводи шефот на државата Бранко Црвенковски, денеска ќе присуствува на погребот на папата..

Нa автопатиштата во близина на Рим, полицијата ги запира автобусите со верници кои сакаат да присуствуваат на погребот на Папата и ги пренасочува кон месноста Тор Вергата.

Станува збор за неопходни мерки за зачувување на редот, бидејќи во градот веќе пристигнаа најмалку два милиони верници.

Надлежните информираат дека исто така се затворени и пристапите кон Ватикан.

Посетителите кои пристигнаа денеска или вчера, ќе можат да го следат погребот на големи видео-бимови поставени на повеќе места во градот.

Претставници на цивилната заштита тврдат дека нема потреба да се прогласи вонредна состојба во градот.

Градските власти апелираа до жителите на Рим да ги отворат своите домови и дуќани за да ги сместат верниците кои пристигаат од сите страни на светот и немаат каде да престојуваат.

НАТО го испрати шпионскиот авион Авакс да го надгледува италијанскиот воздушен простор за време на погребната церемонија на Папата.

Како што изјави портпаролот на Алијансата Џејмс Апатураи, НАТО ги испраќа авионот на молба на италијанската влада за помош при гарантирање на безбедноста на собирот што е до сега без преседан со оглед на бројот на светските лидери кои се наоѓаат на едно место

Доколку авионот регистрира нешто сомнително италијанските власти ќе преземат неопходните дејствија. Кралеви, кралици, државни и владини раководители од целиот свет ќе присуствуваат на погребот на папата.

Посмртните останки на папата Јован Павле Втори ќе бидат положени на местото на кое бил погребан папата Јован XXIII, чие тело, по беатификацијата, е пренесено во Базиликата.

Пред Базиликата Свети Петар претпладнево ќе бидат присутни сите странски акредитирани делегации, на чело со претседателите и премиерите, потоа врвот на Ватикан, како и делегации од други религии.

Телото на папата, кој почина во саботата на 84 години, беше изложено во Базиликата Свети Петар до синоќа.

Тогаш, вратите на Базиликата се затворија и почнаа последните подготовки за денешниот погреб, од кој ќе известуваат 3,500 новинари од целиот свет./крај/ег



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Зеленски по средбата со Трамп: Чекам датум за потпишување на историскиот договор

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос разговарале за прашања поврзани со противвоздушната одбрана, безбедносни гаранции и финансирање на обновата на Украина, вклучувајќи ја и областа Донбас.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесе „Европска правда“, Зеленски појасни дека договорот за безбедносни гаранции е подготвен за потпишување и изрази надеж дека САД ќе реагираат позитивно.

„Сега чекам претседателот Трамп да предложи датум и место. Подготвени сме да го потпишеме овој документ, кој за нас е историски важен“, рече тој, додавајќи дека договорот ќе треба да биде ратификуван од Конгресот на САД и од украинската Врховна рада.

Во врска со финансиската помош, Зеленски спомена дека пакетот документи познат како „план за просперитет“ сè уште не е финализиран. „Важно е да се утврдат јасни и транспарентни извори на финансирање, затоа што токму тие ќе бидат темелот на обновата на Украина во наредните години“, истакна тој.

Тема на разговор била и областа Донбас. Според Зеленски, прашањето ќе продолжи да се разгледува во Абу Даби, каде што е најавена дискусија за ставовите на трите страни: Русија, Украина и САД.

Состанокот на Зеленски и Трамп се одржал вчера и траел околу 50 минути. Обата тима го оцениле како „добар“ и „многу добар“.

Прикажи повеќе...

Регион

Бугарскиот уставен суд ја прифати оставката на Радев, Јотова ја презема функцијата

Објавено пред

Уставниот суд ја прифати оставката на бугарскиот претседател Румен Радев, јавуваат бугарските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според одлуката на судиите, овластувањата на Румен Радев како претседател престануваат предвреме со потврдувањето на неговата оставка од страна на Уставниот суд . Одлуката стапува во сила денес, 23 јануари.

Уставниот суд го разгледа барањето на Радев без да мора да го сослуша или да побара дополнителни докази, бидејќи испитувањето беше ограничено на утврдување на лична изјава за волја – прашање кое, според судот, нема сложени правни пречки.

На расправата учествуваа 12 уставни судии, а за уставниот случај извести судијката Павлина Панова.

Оставката ја поднесе Радев по обраќањето до бугарскиот народ на 19 јануари, во кое објави дека се повлекува од функцијата со цел активно да учествува на претстојните предвремени парламентарни избори и евентуално да учествува во политички проект или партија.

„Инвестор.бг“ потсетува дека одлуката на Уставниот суд е историска – ова е прв случај во поновата историја на Бугарија во кој актуелен претседател поднесува оставка пред истекот на мандатот, а судот го разрешува од функцијата.

Потпретседателката Илијана Јотова автоматски ја презема функцијата нов шеф на државата до крајот на нејзиниот мандат на 21 јануари 2027 година. Таа ќе ги извршува функциите на претседател, вклучително и назначување на привремена влада и подготовка за следниот изборен процес.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Дедото уапсен под сомнение за обљуба над малолетната внука во Белград

Објавено пред

Полицијата на територијата на Белград го уапси Г. М. (57) бидејќи постоеле основи на сомнение дека сторил кривично дело обљуба над дете.

dobivaj vesti na viber

Жртвата е неговата четиринаесетгодишна внука, која ја дала изјавата во присуство на нејзината мајка, според медиумите во соседството.

Осомничениот е задржан од полицијата до 48 часа, во кој период ќе биде приведен на сослушување.

Според написите, се сомнева дека дедото наводно го сторил ова тешко кривично дело врз својата внука во неколку наврати.

Случајот го презеде Вишото јавно обвинителство во Белград, кое ќе спроведе понатамошна истрага. Бидејќи жртвата е малолетно лице, истражните органи ќе ги преземат сите мерки за заштита на интегритетот на детето, а изјавата ќе биде земена во присуство на експерти и психолози.

Кривичниот законик на Србија предвидува исклучително строги санкции за злоупотреба на деца. За најтешките форми на ова кривично дело, особено кога има роднинско сродство или злоупотреба на положбата, се заканува затворска казна од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Сите надлежни служби, вклучително и Центарот за социјална работа, се вклучени во обезбедување поддршка и заштита на жртвата од самиот момент на пријава, според медиумите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

(Видео) Левица за „Безбеден град“: Глобите да се пресметуваат според примањата

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку...

Македонија1 час

Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител

Со поддршка од 89 пратеници, Собранието денеска во рамки на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов...

Македонија2 часа

(Видео) Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на кривичниот законик, меѓу кои и членот за злоупотреба на службената положба

На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката...

Македонија2 часа

Системот „Безбеден град“ стартува од 1 февруари – Собранието ги усвои законските измени

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот...

Македонија3 часа

Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за...

Македонија4 часа

Нема подигање пратки од Пошта, вработените протестираат за плата: ги минаа празниците и најдолгиот месец во годината без пари

Вработените во Македонска пошта од целата држава денес излегоа на протест преку кој побараа да им се исплати платата која...

Економија4 часа

Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен...

Македонија5 часа

СДСМ со пакет амандмани: промена на членот за злоупотреба на службената положба, без рок за конфискација и 48 часа за снимките од „Безбеден град“

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Како што соопштуваат од партијата,...

Свет8 часа

(Видео) Бурата „Ингрид“ пустоши низ Франција: бранови како згради, ветерот носи сè пред себе

Бурата „Ингрид“ денес донесе силни ветрови, обилни врнежи од дожд и крајбрежни поплави во западниот француски департман Финистер во регионот...

Свет8 часа

Аракчи му порача на Зеленски: На светот му е доста од збунети кловнови

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, му порача на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека „на светот му...

Македонија9 часа

Јанкулоска: СЈО и сите таму беа „црпнати“, водеа политички прогон и билдаа партиски рејтинзи

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го коментира застарувањето на предметот „Талир“ на некогашното специјално обвинителство. Таа обвини дека...

Свет9 часа

Трамп до канадскиот претседател: Ја повлекувам вашата покана до најпрестижниот Одбор за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ја повлече претходната покана до Канада да се приклучи на Одборот за мир, иницијатива...

Свет10 часа

Путин ​​се сретна со Американците, им рече дека не се откажува од украинските региони

Русија објави дека денес ќе одржи безбедносни разговори со САД и Украина во Абу Даби, предупредувајќи по средбата на претседателот...

Свет10 часа

САД, Украина и Русија на преговарачка маса во Абу Даби

Првите трилатерални мировни преговори меѓу Соединетите Американски Држави, Украина и Русија ќе се одржат денес во Абу Даби, потврди Кремљ....

Култура20 часа

Незаконски e суспендирана првата обоистка Татијана Петрушевска од МОБ, објави Синдикатот на културата кој повика на заштита од министерот Љутков

Обоистката од Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ) Татијана Петрушевска  незаконски е суспендирана од работа од страна на генералниот...

Македонија20 часа

„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани

Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во...

Економија21 час

(Видео) Мицкоски од Давос: „Бошков Мост“, „Чебрен“ и „Галиште“ ги привлекоа инвеститорите

Премиерот Христијан Мицкоски од Давос соопшти дека имал уште еден успешен ден со бројни билатерални средби и настапи, во рамки...

Македонија1 ден

Алиу: Забрана за рекламирање и промоција на тутунски производи, јавното здравје пред комерцијалниот интерес

Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека против него и СДСМ се води координирана...

Македонија1 ден

Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика

За извод од матична книга на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба граѓаните од денес не мораат...