Свет
Трудова инспекција во Министерство за труд
Трудовата инспекција вчера правеше контрола на Министерството за труд и социјална политика. На барање на новиот министер Љупчо Мешков инспекторите влегле во просториите на Министерството со задача да ги проверуваат сите вработување кои се случиле во изминатите четири години.
Трудовата инспекција вчера правеше контрола на Министерството за труд и социјална политика. На барање на новиот министер Љупчо Мешков инспекторите влегле во просториите на Министерството со задача да ги проверуваат сите вработување кои се случиле во изминатите четири години.
Инспекторите за еден ден ја направиле контролата. Собрале податоци за сите вработувања, вклучувајќи ги и лицата кои претходно со договор на дело ги ангажирал бившиот министер Стевчо Јакимовски.
Каква состојба затекнале инспекторите не ни е познато. Извештајот прв денес ќе го види министерот Мешков.
Во Министерството за труд вчера ни потврдија дека инспекторите вршеле увид кај нив.
"На барање на министерот инспекторите извршија увид во рамките на своите надлежности. Барањето се однесува на бројот на вработени во последните четири години", рекоа во Министерството за труд.
Трудовата иснпекција, која е составен дел на Министерството за труд, секојдневно врши контрола на фирмите и ги лови и ги казнува непријавените работници. Ова е првпат трудовата инспекција да влезе во матичното Министерство.
Државниот ревизор пред еден месец објави дека во Министерството за труд и социјална политика работат околу 30 службеници со договор на дело. Ревизорите констатирале дека ангажираните лица извршуваат административно – технички работи како советници, помошни соработници и референти. Хонорарците во Министертсвото биле ангажирани во континуитет со години. Тие земале месечен надоместок од 7.000 – 20.000 денари. За нив во 2005 година Министерството потрошило 2 милиони денари.
Државниот ревизор тогаш контатирал дека ангажирањето на надворешни лица на овој начин е спротивно на одредбите од Законот за извршување на буџет, Законот за работни односи, Законот за даноци и придонеси и Законот за обигациони односи.
"Како последица на ова Министерството незаконски потрошило државни пари", стои во извештајот на Државниот ревизор. (Р.Ф.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле
Најмалку 42 мигранти се водат за исчезнати и се верува дека се удавиле кога гумен чамец се превртел кај либиското крајбрежје, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ).
Спасени се седум лица што шест дена пловеле по морето по потонувањето на чамецот со вкупно 49 лица во близина на нафтното поле Ал Бури, северозападно од либискиот брег.
Според ИОМ, мигрантите потекнуваат од Судан, Нигерија, Камерун и од Сомалија.
Од падот на режимот на Моамер Гадафи во 2011 година, Либија е клучна транзитна точка за мигранти, кои преку Средоземното Море се обидуваат да стигнат до Европа.
Оваа година во централниот дел на Средоземното Море веќе се удавиле повеќе од 1.000 мигранти, а најновата несреќа дополнително го зголеми овој број, соопшти ИОМ.
Организацијата потсети и на други смртоносни инциденти во последните недели кај Сурман и Лампедуза, како и на случајот во октомври кога западно од Триполи биле пронајдени телата на 61 мигрант.
Свет
Трамп со писмо до израелскиот претседател бара помилување на Нетанјаху
Израелскиот претседател Исак Херцог доби писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, во кое го повикува да размисли за помилување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави денес неговиот кабинет.
Нетанјаху се соочува со три одделни судења за корупција веќе неколку години, а Трамп постојано бара негово помилување.
„Иако апсолутно ја почитувам независноста на израелскиот судски систем и неговите барања, верувам дека овој ‘случај’ против Биби, кој долго време се бореше заедно со мене, вклучително и против многу моќниот непријател на Израел, Иран, е политички мотивиран, неоправдан прогон“, напиша Трамп во писмо до израелскиот претседател.
Канцеларијата на Херцог соопшти дека секој што бара претседателско помилување мора формално да го побара тоа во согласност со постојните процедури, објави „Ројтерс“.
Трамп исто така побара помилување за Нетанјаху за време на посетата на Израел во октомври во говор пред израелскиот парламент.
Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, одговори на повикот на Трамп со потсетување дека израелскиот закон предвидува дека првиот услов за помилување е признание на вина и изразување каење.
Порано оваа година, Лапид, „со должно почитување кон Трамп“, нагласи дека „никој не треба да се меша во правниот процес на независна држава“ и ја нарече иницијативата на американскиот претседател „компензација“ за Нетанјаху за притисокот врз него да ја запре војната во Газа.
„Тоа е типично за Трамп“, рече Лапид во тоа време.
Фото: ЕПА
Свет
Тужба против „Гугл“: Дали „Гемини“ следи сè што пишувате во „Гмајл“ и на „Чат“?
„Гугл“ се соочува со нова тужба во која се обвинува дека го користи својот асистент за вештачка интелигенција „Гемини“ за нелегално следење на приватните комуникации на корисниците на „Гмајл“, „Чат“ и „Мит“.
Во колективната тужба поднесена во федералниот суд во Калифорнија се тврди дека технолошкиот гигант тајно ја активирал алатката за сите корисници во октомври давајќи му пристап до приватни податоци без нивно знаење или согласност, објавува „Блумберг“.
Додека корисниците претходно имаа можност сами да ја вклучат програмата за вештачка интелигенција на „Гугл“, во тужбата се тврди дека компанијата во сопственост на „Алфабет“ еднострано ја променила практиката. Иако „Гемини“ може да се исклучи, корисниците мора да се движат низ комплицирани поставки за приватност за да ја пронајдат опцијата.
Доколку корисниците не го преземат тој чекор, „Гугл“ наводно го користи „Гемини“ за „пристап и експлоатација на целата снимена историја на приватните комуникации на своите корисници вклучувајќи ги и практично секоја е-пошта и прилог испратени и примени во нивните гмајл-сметки“, се наведува во тужбата.
Тужителите тврдат дека „Гугл“ го крши Законот за нарушување на приватноста на Калифорнија, закон од 1967 година, кој особено забранува тајно прислушување и снимање доверливи комуникации, без согласност на сите вклучени страни.
„Гугл“ сè уште не ги коментирал обвинувањата.

