Свет
Предизборно вработување во „Македонска пошта“
Јавното претпријатие ќе вработи 232 лица, кои веќе се ангажирани со договор на дело
Јавното претпријатие ќе вработи 232 лица, кои веќе се ангажирани со договор на дело
ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА
Јавното претпријатие „Македонска пошта“ ќе вработи 232 работници. Овие лица веќе се ангажирани во претпријатието со договор на дело. Вработените со договор на дело ќе бидат вработени со амин на Владата и со одлука на Управниот одбор на „Македонска пошта“. Масовното вработување се случува еден месец пред одржувањето на парламентарните избори. Раководството негира дека има некаква политика во одлуката за трајно решавање на работниот статус на лицата кои работат со договор на дело.
Директорот на ЈП „Македонска пошта“, Таип Јакупи, вели дека во претпријатието има 2.500 вработени, од кои 232 се со договор на дело. Јакупи појаснува дека договор на дело како категорија во Законот за работни односи веќе не постои, па така раководството требало да најде дефинитивно решение за статусот на овие лица. Тој тврди дека станува збор за луѓе кои во „Македонска пошта“ се ангажирани по пет или десет години, така што претпријатието конечно сега, откако почна да бележи позитивни резултати, смогнало сили да ги вработи. Директорот е категоричен дека лицата кои работеле со договор на дело им се потребни како кадар, а меѓу нив се наоѓаат и техничари и инженери кои се многу барани на пазарот на работна сила. Од тие причини, односно за да се задржи квалитетниот кадар, е донесена одлуката да им се реши нивниот статус и да добијат вработување.
„За новите вработувања добивме согласност од министерот за финансии, Никола Поповски. Одлуката за вработувањата ја донесе Управниот одбор. Најодговорно тврдам дека нема никаква политика и дека не станува збор за предизборна кампања на Владата“, изјави вчера директорот на ЈП „Македонска пошта“, Таип Јакупи.
Најмногу луѓе со договор на дело има ангажирано во поштата во Скопје – 55, во Охрид 25, потоа во Тетово 22, во Битола и Велес по 16 итн. Меѓу нив најмногу се поштари, шалтерски работници, програмери, инженери- проектанти на мрежи, кафеџики и возачи.
Вработувањето на лицата со договор на дело доаѓа не само спроти изборите туку и во екот на трансформација на „Македонка пошта“ од јавно претпријатие во акционерско друштво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ерупција на вулканот Руанг во Индонезија:, евакуирани повеќе од 12.000 луѓе
Во Индонезија се евакуирани 12.000 луѓе кои живеат во близина на островот Сулавеси, каде што еруптираше вулканот Руанг, за што Центарот за вулканологија и проценка на геолошки ризик прогласи највисоко, четврто ниво на тревога.
Жителите на островот се преместени во градот Манадо, а Центарот ги предупреди граѓаните на соседниот остров Тагуланданг дека постои опасност од цунами поради паѓање на материјал од вулканот во океанот, пренесува Ројтерс.
Се проценува дека чадот над вулканот достигнал висина од пет километри, поради што биле евакуирани жителите во радиус од седум километри.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Свет
Шест лица загинаа во напад на џамија во Авганистан, непознато лице пукало во цивили
Најмалку шест лица загинаа, а едно лице е рането во џамија во авганистанскиот град Андишех во областа Гузара, изјави авганистанскиот министер за внатрешни работи Абдул Матин Кани.
Тој изјави дека „непознато вооружено лице пукало во цивилни верници во џамијата“ вчера во 21 часот по локално време, пренесува Ал Џезира.
Меѓу убиените е и имамот на џамијата во која се молеле шиитските муслимани.
Ројтерс јавува дека меѓу жртвите има и дете.