Свет
Стотици граѓани измамени на квадрат
Нотарот Боривој Стојкоски заверувал договори со кои ист стан им е продаден на две различни лица
Нотарот Боривој Стојкоски заверувал договори со кои ист стан им е продаден на две различни лица
Измамените станари на осум скопски згради што уплатиле станови преку фирмата „ФИ-КОМ“ завчера направија списоци според кои треба да се утврди кој е вистински сопственик на становите и на деловните простории. Станарите неодамна се собраа пред седиштето на фирмата за да увидат до каде е изградбата на становите за кои дел од нив уплатиле уште пред четири години. Тогаш им било кажано дека изградбата на станбената зграда ќе трае две години. Но, покрај пробиениот рок, на собирот станарите утврдиле и дека фирмата „ФИ-КОМ“ им продавала исти станови на повеќе сопственици. Тие соопштија дека дури еден ист нотар ја заверил продажбата на ист стан на двајца сопственици. Станарите завчера покажаа две нотарски заверки од нотарот Боривој Стојкоски за стан на улицата Јане Сандански, со кои истиот стан им е продаден на две различни лица.
Измамените станари побараа од газдата на „ФИ-КОМ“, Никола Николиќ, или да ги догради становите или да им ги врати парите.
Николиќ не одговори на нивните барања бидејќи бил на службен пат. Но, според неофицијални информации, Николиќ избегал од државава и се наоѓа во Владичин Хан, Србија, каде што живеат неговите родители. Нашите извори тврдат дека за изградбата на становите ФИ-КОМ користела хипотекарни кредити и дека тие не се редовно плаќани. Тоа практично значи дека постои можност становите да бидат запленети во случај банката да се одлучи да ја активира хипотеката.
Неодамна од фирмата „ФИ-КОМ“ се жалеа и други граѓани, кои се вселија во становите во Кисела Вода, но не успеаја да добијат имотни листови.
(А.Д.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници
На еден од главните меѓународни аеродроми во Бразил изби пожар на авион Airbus A320.
Во моментот на пожарот во авионот имало 180 лица. Сите патници и членови на екипажот биле евакуирани.
Според првите информации, пожарот избил од колички за багаж паркирани блиску до товарниот дел на авионот, а огнот се проширил под едното крило. Екипажот веднаш го активирал протоколот за итни случаи и ги евакуирал патниците со надувувачки лизгалки.
🇧🇷 An Airbus A320 operated by LATAM Airlines caught fire in Brazil while carrying 180 passengers.
The aircraft had begun taxiing for takeoff when the cabin abruptly filled with smoke, and passengers noticed flames beneath the wing. Evacuation was carried out directly onto the… pic.twitter.com/XlkOPPDvy2
— NSTRIKE (@NSTRIKE1231) December 6, 2025
Аеродромската противпожарна служба го изгаснала пожарот, а авионот бил одведен на понатамошна истрага. Летот бил откажан.
Бразилските власти и Националната агенција за цивилно воздухопловство започнале опсежна истрага за причините за пожарот
Свет
(Фото+видео) Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони
Русија изврши голем ракетен напад и удари со дронови врз украински градови, при што беа повредени најмалку три лица во Киевската област.
Украинското воено воздухопловство соопшти дека руските сили лансирале ракети и десетици дронови кон градовите во околината на украинската престолнина.
Поради нападите, низ целата земја беа активирани аларми за воздушна опасност.
Дронови биле забележани и во Лавовската област на западот на земјата, додека Русија лансирала повеќе бранови напади.
Военото воздухопловство ја пријавило последната серија ракетни удари непосредно пред 7 часот по локално време.
Експлозии биле забележани во Полтава, Луцк, Одеса, Запорожје…
Гувернерот на Киевската област, Никола Калашник, соопшти дека 42-годишен маж бил повреден во градот Фастив, околу 60 километри југозападно од центарот на Киев.
I saw it today –
two banks of Kyiv:
one with electricity,
the other without.A powerful sight. pic.twitter.com/T8tnW7911t
— Yaroslava (@strategywoman) December 5, 2025
Украинските железници соопштија дека Русија извршила „масовно гранатирање на железничката инфраструктура“ во Фастив.
Калашник исто така соопшти дека две жени, на возраст од 46 и 40 години, биле повредени во Вишгородската област, северно од Киев. Една од нив е хоспитализирана.
Градоначалникот на Луцк, Игор Пољишчук, соопшти дека повеќе складишта за храна биле зафатени од пожар.
Kyiv metro stations tonight. People hide from Russian attack.
📸: Yan Dobronosov pic.twitter.com/Q1JGrv7jB8
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) December 6, 2025
Полското воено воздухопловство соопшти на социјалните мрежи дека подигнало борбени авиони за да го заштити својот воздушен простор за време на повеќечасовниот напад на западна Украина.
За потсетување, украинските дронови пред две вечери извршија напади врз клучни руски енергетски објекти, погодувајќи го морското пристаниште Темрјук во Краснодарскиот крај и нафтената рафинерија Сизран во Самарската област, пренесува „Киев Индепендент“.
Свет
МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена
Заштитната структура на напуштената нуклеарна електрана Чернобил, која треба да го спречува ширењето на радиоактивен материјал, повеќе не може да ја извршува својата безбедносна функција поради штетата предизвикана од напад со дрон на почетокот на годината, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Инспекцијата на заштитната структура што МААЕ ја спроведе минатата недела покажала дека нападот со дрон во февруари предизвикал пропаѓање на конструкцијата, објави агенцијата на ОН.
Во мисијата е потврдено дека заштитната структура ги загубила „примарните заштитни функции“, вклучувајќи го и задржувањето на радиоактивниот материјал, но дека на носечката конструкција и на контролните системи нема трајна штета, се наведува во соопштението.
Веќе се извршени привремени поправки на покривот, изјави директорот на агенцијата Рафаел Гроси, нагласувајќи дека за спречување на понатамошно пропаѓање и обезбедување долгорочна нуклеарна безбедност е неопходно да се спроведе сеопфатна обнова.
Врз основа на истрагата, МААЕ препорачува понатамошна обнова и заштита на структурата, како и ажурирање на системите за следење на влага и корозија и други надзорни програми, се наведува во соопштението.
На 14 февруари дрон ја пробил надворешната обвивка на заштитната структура и предизвикал пожар. Украинските власти тогаш соопштија дека нападот го извела Русија, а Москва го демантираше тоа.
Заштитната структура е поставена во 2019 година околу реакторот број 4, кој експлодираше во нуклеарната катастрофа во 1986 година, со цел да се спречи понатамошно истекување на радијација во околината.
По нападот со дрон, радијацијата останала на нормално и стабилно ниво и немало извештаи за нејзино истекување, соопштиja ОН во февруари.
Несреќата во Чернобил се случи во април 1986 година. Советските инженери околу реакторот поставија саркофаг, кој подоцна беше заменет со нова структура. Преостанатите три реактори постепено беа исклучени, а последниот престана со работа во 2000 година.
Руските сили накратко ја окупираа нуклеарната електрана на почетокот на инвазијата на Украина во 2022 година.
МААЕ во Чернобил има постојан тим експерти и ќе продолжи да прави сè што е во нејзина моќ за да го поддржи повторното воспоставување целосна нуклеарна безбедност во Чернобил, нагласи шефот на агенцијата на ОН.
Истовремено со инспекцијата во Чернобил, МААЕ спроведе и истражување на штетата на електричните трафостаници низ Украина.

