Свет
Седум загинати во авионска несреќа во Уганда

Товарен авион се урна во езерото Викторија во близина на главниот аеродром на Уганда, при што животот го загубија седум лица.
Според очевидците, авионот се запалил пред да се урне. Тој превезувал прочистувачи за вода, цевки и друга опрема, изјави за Асосиејтед прес мајорот Феликс Кулаигие. Портпаролката на полицијата, Џудит Набакооба известила дека полициски тим работи на теренот. Голем број од авионите во Африка се стари и нивната инфраструктура не е соодветно одржувана. На некои авионски линии од континентот им е забрането да летаат кон Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Бројот на загинати во Газа надмина 50.200

Најмалку 25 Палестинци загинаа во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, со што вкупниот број на жртви од израелската офанзива од октомври 2023 година се искачи на 50.208, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Во соопштението се наведува дека во последните 24 часа во болниците биле примени уште 82 ранети лица, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 113.910.
„Многу загинати сè уште се заробени под урнатините и на улиците, бидејќи спасувачките екипи не можат да им пристапат“, се додава во извештајот на Министерството.
Израелската војска на 18 март изврши изненаден воздушен напад врз Појасот Газа, во кој загинаа 855 лица, а речиси 1.900 се повредени, и покрај прекинот на огнот и договорот за размена на затвореници што беше постигнат во јануари.
Регион
Додик се сретна со Нетанјаху

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Додик го поздрави и разговараше со израелскиот премиер Нетанјаху, кој е говорник на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот, на која присуствува и претседателот на Република Српска, пренесува РТРС.
Претходно на конференцијата Додик зборуваше за пораките за поддршка од Република Српска за Израел и рече дека високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит се обидел да го спречи неговото доаѓање на конференцијата.
Свет
Ватикан: Папата Франциско продолжува да ја води црквата, но можеби не како пред болеста

Папата Франциско ќе продолжи да ја води Католичката црква, но можеби не на ист начин како пред здравствената криза поради која беше во болница 38 дена, изјави денеска државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин.
Тој рече дека постојано добива пораки од верниците кои се молат за здравјето на папата и способноста да продолжи со својата работа, пренесува Анса.
„Можеби не како порано, ќе треба да најдеме различни начини, но начин на кој тој сепак ќе може да го направи тоа“, рече Паролин.