Контакт

Свет

На некои држави во Африка им се заканува пропаст

Објавено пред

Спроти претстојниот самит на Г20, африканските земји упатија апел до индустриските нации да не ја кратат ветената развојна помош, и покрај финансиската криза

dobivaj vesti na viber

Трошоците за удвојување на помошта за целиот црн континент се толку високи, колку трошоците за спасување на една единствена средно голема банка на Западот, рече етиопскиот премиер Мелес Зенави на средба со британскиот премиер Гордон Браун во Лондон. Според Зенави, на некои држави им се заканува тотален хаос и насилство, па дури и распаѓање и пропаст, доколку не им се помогне во сегашнава глобална криза. Во африканската делегација, што беше кај Браун, се наоѓаа повеќе од 20 политички водачи, министри за финансии, како и претставници на Африканската Унија и на Африканската банка за развој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Путин: Западот никогаш нема да успее да ја ослаби и уништи Русија

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји се обиделе да ја ослабат и уништат Русија, но дека тоа никогаш нема да успее.

dobivaj vesti na viber

„Тие се обидоа да ја потиснат Русија, да ја ослабат. И конечно да го скрши. Тоа нема да работи. Никогаш“, рече Путин на доделувањето на наградата по повод Денот на хероите на татковината, одржана на 8 декември, а снимки од церемонијата денеска објави новинар на ТВ Русија-1.

Путин потсети на изјавите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, кои признаа дека немаат намера да ги спроведуваат договорите од Минск и дека ги користеле за да ја подготват Украина за конфликт, пренесува РИА Новости.

Путин оцени дека иднината на Русија зависи од учесниците во „специјалната операција“, како што официјална Москва ја нарекува војната во Украина.

Церемонијата на доделување на наградите се одржа во петокот во Кремљ, пред Денот на хероите на татковината, кој Русија го слави на 9 декември.

Прикажи повеќе...

Регион

Хорор во Србија: ловџии пронајдоа обезглавено тело

Објавено пред

Во близина на хиподормот во Велика Плана, група ловџии денеска пронајдоа труп во напредна фаза на распаѓање, јавуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Причината за смртта се уште не е позната. Се работи за засега неидентификувано лице.

Трупот на мажот бил обезглавен.

Телото и главата се на исто место.

Се работи за засега неидентификувано лице. Исто така, се верува дека телото било тука некое време.

Прикажи повеќе...

Свет

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала во Перу

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала се случи денеска во близина на брегот на Перу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

dobivaj vesti na viber

Епицентарот на земјотресот бил на 91 километар југозападно од градот Писко, на длабочина од 10 километри.

Нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Обдукцискиот наод за Вања се уште не е изготвен и доставен до обвинителството

Обдукцискиот наод за 14 годишната Вања Ѓорчевска се уште не е изготвен и доставен до обвинителството, велат оттаму. Од обвинителството...

Македонија14 минути

СДСМ: Близок соработик на Мицкоски фатен со кокаин; ВМРО-ДПМНЕ: Толоманоски по пријавата е разрешен

Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин, вели СДСМ. „Како што информираше...

Свет39 минути

Путин: Западот никогаш нема да успее да ја ослаби и уништи Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји се обиделе да ја ослабат и уништат Русија, но дека тоа никогаш...

Македонија56 минути

Маричиќ: Мора силно да се залагаме за мирно разрешување на конфликтите низ дијалог и дипломатија

Во честитката по повод денешниот празник, заменик претеседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ потсетува на клучниот постулат...

Македонија59 минути

Битиќи: Македонија негува стабилно, правично и инклузивно општество

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, во својата објава на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права...

Македонија1 час

Костадиновска-Стојчевска: Продолжуваме да се бориме против дискриминацијата, насилството и неправдата

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во честитката на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права напиша дека „и...

Топ1 час

Пешак го загуби животот откако бил прегазен на улица во Нов Дојран

Пешак од Нов Дојран го загуби животот откако вчеравечер во него удрило патничко возило „шевролет“ на главната улица во Нов...

Економија1 час

Вучиќ најави изградба на гасна интерконекција кон Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со колегите од Софија и Баку денеска во Ниш ја пуштија во употреба гасната...

Македонија3 часа

Герасимовски: Ниту сум имал контакт, ниту сум дал дозвола на хрватски новинари да влезат во Песталоци

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, демантира дека дал дозвола на хрватски медиуми да влезат во училиштето каде учеше Вања....

Македонија4 часа

Нови шокантни детали од Ковачки: „Безбеден Град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Оливер Спасовски е должен да и одговори на македонската јавност зошто на 4 декември за време на неговата прес-конференција, излажа...

Македонија5 часа

Скандал: директорката на училиштето каде учеше Вања избркала хрватски новинари – „Избришете ги сите фотографии!“

Директорката на „Јохан Хајнрих Песталоци“, училиштето каде што учеше Вања, не им дозволила на хрватски репортери да фотографираат и ги...

Свет6 часа

(Видео) Сите очи вперени кон Аргентина: денеска инаугурацијата на Мајли, пристигна и Зеленски

ВО ГЛАВНИОТ град на Аргентина, Буенос Аирес, се е подготвено за денешната инаугурација на новиот претседател Хавиер Мајли, човекот кој...

Свет6 часа

Обединети нации: 9 од 10 луѓе во Газа не можат да јадат секој ден

Висок претставник на Светската програма за храна на Обединетите нации денеска предупреди дека половина од населението во Појасот Газа гладува...

Свет7 часа

„Ова е ментална болест!“ – Ердоган ѝ удри шлаканица на Америка, па постави прашање на кое цел свет чека одговор

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го искористи говорот за човекови права за да го обвини Западот за „варварство“ поради неговиот...

Свет7 часа

(Фото) Од птичја перспектива: еве каде живеат Палестинците додека траат борбите меѓу Израел и Хамас

Повеќето од 2,3 милиони жители на Газа биле принудени да ги напуштат своите домови, често неколкупати, откако Израел им нареди...

Свет7 часа

„Животот му е во опасност“ – ни трага, ни глас од најголемиот непријател на Путин

Поддржувачите на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални велат дека немаат контакт со него веќе три дена. Претседателката на неговата...

Свет7 часа

Загинаа шест лица, меѓу нив и дете: торнадо направи хаос во Америка

Шест лица загинаа, а 23 се повредени во торнадо што ја погоди американската сојузна држава Тенеси, соопштија локалните власти. Меѓу...

Македонија19 часа

По објавата на „Макфакс“: МВР го бара човекот кој стои зад лажниот профил што повика на протест и бесење на Спасовски

По објавата на „Макфакс“ дека лажен профил потпишан како „Ѓоре Ајтов“ повикува на немири и протести за да го ослободат...

Регион22 часа

„Што ако детето ми е киднапирано?“ – се огласи мајката на исчезнатата Сара

Сара Петровиќ (17) од Борча, Белград, исчезна денеска околу 13 часот, последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“....

Регион22 часа

Исчезна 17 годишна девојка во Белград: се јавила од автобус и оттаму ѝ се губи трага, непознат маж се јавува на нејзиниот телефон

17 годишна Сара Петровиќ од Белград исчезна денеска околу 13 часот, а последен пат е видена во близина на ресторанот...