Свет
Медведев и Обама на самитот G20 ќе дада изјави за стратешкото оружје
Рускиот претседател Медведев и неговиот американски колега Обама ќе дадат заедничка изјава на самитот G20, ќе дадат изјава која ќе претставува отворање пат за смалување на стратешкото вооружување, информираат од Кремљ
Следната седмица во Лондон, на самитот на G20, претседателите на двете нуклеарно најмоќни држави, Русија и САД, ќе разговараат и ќе го означат почнувањето на преговорите за постигнување нов договор со кој ќе се постигне заедничко намалување на стратешкото нуклеарно вооружување на суперсилите.Дмитриј Медведев и Барак Обама својата прва официјална средба и разговори треба да ги имаат уште првиот ден од самитот во Лондон, на 2-ри април, јавуваат руските медиуми повикувајќи се на официјалните извори од Кремљ.„Ќе има две претседателски изјави, едната ќе биде општа во врска со руско-американските односи а другата во врска со стратешкото вооружување.“, изјавил Сергеј Приходко, советник за надворешна политика на рускито претседател Медведев.Приходко изразил и надеж дека рускиот и американскиот претседател ќе посигнат заеднички договор за обновување на Договорот за намалување на стратешкото вооружување (START-1). Овој договор инаку е склучен во времето на Студената војна, а неговата важност истекува на крајот од декември годинава. Исто така, советникот на Медведев додал и дека во Лондон Медведев и Обама може да ја објават датата на нивната наредна средба.„Текстовите би требало да бидат излезна точка за осмислување на задачата која треба да се исполни. САД и Русија сакат да ги постигнат првите конкретни договори за да може договорот да биде завршен до крајот на годината“, додал Приходко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.
Свет
Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.
Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.
Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.

