Свет
Во центарот на Стразбур разбиени стотина демонстранти
Во саботата наутро стразбуршката полиција од центарот на градот потиснала кон перифeријата повеќе демонстранти ки протестираат против одржувањето на самитот на НАТО
Во близината н стадионот Меино во центарот на Стразбур, полицијата со солзавец ги растерувала групите од стотина демонстранти кои во центарот дошле од кампот со шатори што вчера го поставија на периферијата од градот. Пацифистичките групи „No NATO“ кои се групирале кај универзитетскиот кампус, полицијата исто така ги растерувала со употреба на солзавец, веднаш штом се обиделе да се продижат кон безбедносната зона во центарот на Стразбур. Полицијата соопштила дека оваа група во мнозинство ја сочинуваат демонстранти кои допатувале од Италија. Во управнито центар на градот, на плоштадот Етоал (ѕвезда), полицијата дејстуввала против група маскирани демоснтранти кои исто така тргнале кон центарот на Стразбур. Жестоката реакција на полицијата ги принудила 150-те демонстранти да се повлечат.Водачите на пацифистичките и анти-НАТО организации најавиле дека ќе организираат акции на граѓанска непослушност во административниот центар на источната француска провинцијана главните улици кои водат кон Конгреснито центар каде се состануваат 28-те лидери на државите челнки на Алијансата. Голем протестен собир се очекува да се сличи денска, по самиотот, на кој треба повеќе илајди демонстранти ќе протестираат по текот на Рајна во стразбур. Координацијата на здруженијата кои се противат на НАТО очекуваат доаѓање на 30 до 60 илјади демоснтранти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Франција има потреба од систем како „Орешник“
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека на Франција ѝ е потребен ракетен систем сличен на рускиот хиперсоничен систем „Орешник“, нагласувајќи дека најновото лансирање на ова оружје е „јасен сигнал“ и демонстрација на руската воена моќ.
Во исто време, Макрон свика итен состанок на кабинетот за да разговара за влошувањето на безбедносната состојба во врска со Гренланд и Иран.
Зборувајќи пред припадниците на француските вооружени сили во воздухопловната база во Истра, Макрон, според BFMTV, нагласи дека Франција мора брзо да развие и да набави оружје „кое може да направи разлика“.
„Исто така, треба да добиеме оружје што може да направи разлика на краток рок“, рече Макрон.
Францускиот претседател оцени дека второто лансирање на ракетата „Орешник“ на украинска територија е јасна порака од Москва, што укажува дека Франција е исто така во дострел на ова оружје.
„По втор пат сме сведоци дека Русија лансираше ракета со ултра долг дострел „Орешник“ на украинска територија. Ова лансирање е јасен сигнал за земја која поседува моќ, но одлучила да ја демонстрира. Пораката е кристално јасна“, нагласи Макрон, истовремено повикувајќи ја француската армија да развие поголема огнева моќ за длабинска акција.
Во светлината на овие изјави и растечките глобални тензии, Макрон свика итен состанок на кабинетот за одбрана во Париз, како што објави Ројтерс. На седницата се дискутираше за ситуацијата со Гренланд и Иран, како и најавените потези на Вашингтон.
Макрон претходно објави дека Франција ќе им се придружи на другите европски земји во заеднички воени вежби во Гренланд оваа недела, во време кога од Вашингтон доаѓаат остри пораки за можна анексија на тој остров.
Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, генерал Фабиен Мандон, потврди дека Франција веќе испратила свои војници во Гренланд за да учествуваат во овие вежби, што медиумите во Париз го толкуваат како дел од поширок одговор на предизвиците што истовремено се отвораат на северот од Европа и на Блискиот Исток.
Свет
Пожар во болница во Милано, пациентите евакуирани
Утрово околу 10 часот, избувна пожар во павилјонот 16 од болницата Сако во Милано.
За неколку минути, пламенот зафати дел од дијагностичката архива и се прошири на областите каде што медицинскиот персонал во тој момент прегледуваше десетици пациенти, пишува Ил Месаџеро.
Благодарение на заедничката интервенција на пожарникарите и болничкиот персонал, никој не е повреден.
Сите пациенти се евакуирани, а триесет пожарникари кои излегоа на терен вршат санација на подрачјето.
Свет
Европски војници пристигнаа на Гренланд
Европски војници од неколку земји пристигнаа на Гренланд за заеднички воени вежби, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази интерес островот да биде под контрола на САД. Во главниот град Нуук слета француски контингент, а се приклучуваат и сили од Германија, Шведска, Норвешка, Холандија и Обединетото Кралство, јавува Би-Би-Си.
Распоредувањето следи по состанок во Вашингтон меѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс. Данскиот министер Ларс Локе Расмусен оцени дека разговорите биле конструктивни, но дека останало „темелно несогласување“.
Трамп изјави дека на САД му треба Гренланд за националната безбедност и не ја исклучи употребата на сила. Францускиот претседател Емануел Макрон најави проширување на мисијата, додека полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека евентуална американска интервенција би била „политичка катастрофа“.
Русија изрази загриженост поради засилувањето на присуството на НАТО на Арктикот. Од кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер соопштија дека распоредувањето има цел да ја одврати руската и кинеската активност.
Германија испрати транспортен авион со 13 војници во рамки на данските вежби „Операција Арктичка издржливост“. Данска најави ротациона и потрајна сојузничка присутност. Премиерката Мете Фредериксен рече дека одбраната на Гренланд е заедничка грижа на Алијансата.
Премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен порача дека Гренланд не сака да биде дел од САД и, ако мора да избира, би ја избрал Данска.

