Свет
Судири меѓу војската и демонстрантите во Tајланд
Околу 70 луѓе во Бангкок се повредени, а продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и тајландските војници, јавува Ројтерс
Демонстрантите запленија возило за транспорт на гас и се закануваат дека ќе го испуштат гасот ако полицијата ги нападне. Возилото е паркирано во близина на станбена зграда, а нејзините станари веќе го напуштиле објектот. Приближно 37.000 војници се обидуваат да воспостават контрола во Бангкок.Откако премиерот, Абхисит Веџаџива, прогласи вонредна состојба во Бангкок, тајланската армија синоќа интервенираше против антивладините демонстранти. Војниците пукаа во воздух додека демонстрантите фрлаа со камења и молотови коктели.Денеска во Тајланд почнува тридневната прослава на Нова година, па армијата се обидува да ја деблокира улицата која води кон излез од градот. Пожарникарите го гасат огнот предизвикан од молотовите коктели, а полицајците на мотоцикли кружат во просторот меѓу војската и демонстрантите обидувајќи се да спречат ескалација на насилството.Премиерот Веџаџива вчера издаде наредба за апсење на организаторите на протестите. Поради поттикнување за кршење на законот приведен е лидерот на групата „Црвени кошули“, популарниот пејач Арисмун Понгруенгронг, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

