Свет
Обама патува за Тринидад на самит, со Куба во фокусот
Американскиот претседател Барак Обама патува за Тринидад и Тобаго на самит на 34 држави од Јужна и Северна Америка, каде ќе се соочи со растечко барање за промена на американската политика спрема комунистичка Куба
Американскиот претседател Барак Обама патува за Тринидад и Тобаго на самит на 34 држави од Јужна и Северна Америка, каде ќе се соочи со растечко барање за промена на американската политика кон комунистичка КубаВо Мексико Сити во четвртокот, претседателот Обама изјави дека не очекува односите меѓу САД и Куба преку ноќ да се затоплат по неговата одлука за олеснување на патување и трансфер на пари за Кубанските Американци.Кубанскиот претседател Раул Кастро изјави дека Хавана е подготвена да дискутира за кое и да е прашање што сака Вашшингтон, вклучувајќи ја и состојбата со човековите права, слободата на печатот и политичките затвореници. Но, инсистираше островот да биде третиран на еднаква основа.Многу латино-американски лидери бараат од Обама укинување на 47-годишното трговско ембарго врз Куба. Венецуелскиот претседател Хуго Чавез рече дека тој и неговите сојузници ќе гласаат против декларацијата на самитот во знак на протест против американското ембарго.Куба не е поканета на денешниот самит.Во напис во весник, објавен во повеќе држави на Јужна Америка, Обама вели дека Самитот нуди можност за нов почеток во односите меѓу САД и Јужна Америка.Обама се наоѓа на прва посета на Јужна Америка откако стана претседател. За време на престојот во Мексико Сити, се сретна со претседателот Филипе Калдерон и дискутираше за ескалирањето на војната меѓу картелите со дрога во која од почетокот на минатата година загинаа седум илјади лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вашингтон одложил неколку испораки на оружје за Израел
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден одложи неколку испораки на оружје за Израел во изминатите две недели, изјави неименуван извор за Политико.
Изворот близок до администрацијата тврди дека Вашингтон на тој начин сака да испрати политичка порака до Тел Авив.
Белата куќа, се вели, не може да поддржи израелска офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа без соодветен и веродостоен хуманитарен план.
Одложените пратки вклучуваат опрема за наведувани бомби направени од Боинг, дизајнирани да бидат попрецизни.
Свет
(Видео) На аеродромите во Велика Британија илјадници патници блокирани: Проблемот е на „национално ниво“
Аеродромите низ Велика Британија се во хаос откако сите порти беа затворени поради компјутерска грешка во граничните служби, пишува Дејли мејл.
Сликите на социјалните мрежи покажуваат огромни редици пред портите додека илјадници луѓе чекаат да им ги проверат пасошите.
At Heathrow Airport and no one is allowed to get through passport security. The queue is way longer than this. Apparently the issue is a system outage. pic.twitter.com/QdGhlLezZS
— Roshane Thomas (@RoshaneSport) May 7, 2024
Се шират гласини дека Хитроу не е единствениот аеродром погоден од наводната грешка, туку и Манчестер и Гетвик.
Big issues at Heathrow Passport Control with every single E-Gate not working. This is T3 pic.twitter.com/EkzcYGRckP
— Sam Morter (@SamuelMorter) May 7, 2024
Персоналот на Хитроу, наводно, им рекол на патниците во редици дека тоа е национален проблем.
Fun at Heathrow T5. Computers down at border control. Massive queue. Staff trying their best to keep people informed and some very entitled people here! #heathrow #bordercontrol #T5 pic.twitter.com/kKk2SdUtT4
— Nikki Woodruff 💙 (@ManicPeanut) May 7, 2024
Една патничка за „Дејли мејл“ изјавила дека чекала ред цел час, а персоналот на аеродромот почнал да дели вода.
Таа додаде дека на луѓето им било кажано дека аеродромот работи на алтернатива за проверка на документите на патниците.
Регион
Кси слета во Србија: Претседателот на Кина пречекан од Вучиќ и државниот врв
Заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Кси Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со сопругата.
Свечениот пречек на кинеската делегација која брои 400 лица е закажан за в среда пред палатата „Србија“.
Домаќин на претседателот Кси Џинпинг ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ, а двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.
За време на дводневната посета на Кси Џинпинг на Србија, планирано е да се потпишат над 30 договори.
Беше организиран и свечен ручек на кој кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.
Поради доаѓањето на кинескиот претседател преземени се големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.