Свет
Москва го отфрла состанокoт меѓу Русија и НАТО
„Сега веќе можеме да кажеме дека состанокот на Русија и НАТО закажан за 7 мај, нема да се одржи“, изјавил рускиот амбасадор во НАТО, Рогозин
Русија нема да учествува на состанокот со начелниците на Главната команда на НАТО, која беше предвидена за 7 мај. Москва со ова протестира против воената вежба на Алијансата во Грузија, соопштил рускиот амбасадор во НАТО, Дмитриј Рогозин.Рогозин навестил и дека Русија ќе преземе мерки, доколку не бидат земени предвид нејзините забелешки за оваа воена вежба, која Кремљ ја оцени како опасна. Вежбата во која ќе учествуваат 1.300 војници ќе се одржи дваесет километри источно од грузискиот главен град Тбилиси. „Од гледна точка на Русија, на состојбата во Грузија и имајќи ја предвид општата ситуација во светот, овие воени игри имаат карактер на провокација“, нагласил Рогозин.Рогозин изјавил и дека вежбата нема да му помогне на воениот потенцијал на Грузија. „Ништо не може да и’ помогне на Грузија под власта на Саакашвили“, додал рускиот амбасадор во Северноатлантската воена алијанса. САД сметаат дека вежбата во Грузија е нормална работаСАД, пак, вежбата ја сметаат за сосема „…нормален дел од меѓусебните односи на НАТО со Тбилиси“, гласел одговорот од прес-службата на Стејт-департментот на САД, на прашањето на дописникот на руската агенција ИТАР-ТАСС, да ја коментираат жестоката реакција на Москва.Агенцијата напоменува дека од американското Министерство за надворешни работи добиле одговор дека станува збор за од порано планирана вежба во рамките на програмата „Партнерство за мир“ .„Целта на вежбата е да и’ се помогне на Грузија да се приближи кон исполнување на НАТО-стандардите, гласел одговорот на прес-службата на американското Министерство за надворешни работи. „НАТО неколку месеци ја информираше Русија за вежбата, но тие не беа изненадени, и Русија е многу добро известена за целите“, изјавил неименуван дипломат за руската агенција.Џејмс Апатураи, портпаролот на НАТО, рекол дека нема никави планови да се откаже вежбата.„Иако постои загриженост во НАТО, ништо нема да се смени. Состанокот на министрите за одбрана ќе се одржи и Русијa е поканета, а подготовките за вежбата продолжуваат“, рекол Апатураи за Reuters. Медведев од НАТО бара воздржаност и одржување на ветувањатаРускиот претседател Дмитриј Медведев кој е во посета на Финска, денеска при предавањето на Хелсиншкиот универзитет рекол дека треба да се свика форум на највисоко ниво за преговори по Договорот за европска безбедност. „Сметам дека почетокот на повеќестрани преговори за Договор за европска безбедност би требало да ги вклучи на сите евроатлантски држави и сите меѓународни организации од сферата на безбедноста, вклучувајќи ги ЕУ, НАТО, ОБСЕ и други“, рекол Медведев. „Нормално, ние се надеваме дека нашите партнери од НАТО ќе пројават воздржаност и ќе ги исполнат своите ветувања во однос на неразместувањето сили на туѓи територии“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Избран е новиот врховен лидер на Иран
Иранското Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Исламската Република, објавува Иран Интернешнл.
Овој историски и клучен политички потег за иднината на земјата дојде само неколку дена откако неговиот татко, долгогодишниот ајатолах Али Хамнеи, беше убиен во разорен израелски воздушен напад рано наутро во саботата.
Моџтаба Хамнеи е најстариот син на убиениот врховен лидер и личност со исклучително длабоки корени во безбедносниот и воениот апарат на државата.
Уште како млад човек, тој активно учествувал во крвавата војна Иран-Ирак, борејќи се токму во редовите на Револуционерната гарда. Неговото влијание особено се зајакна кога го презеде оперативното водство на озлогласената паравоена организација Басиџ, милиција која одигра клучна и брутална улога во насилното задушување на масовните антивладини протести по спорните претседателски избори во 2009 година.
Неговото официјално назначување на највисоката верска и политичка позиција во земјата испраќа недвосмислена порака до Западот, но и до домашната јавност, дека иранското раководство не планира никакви отстапки или поумерени политики во наредните денови.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Свет
Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје
Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.
Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.
„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.
фото/Depositphotos

