Свет
Запленети речиси 100 кг. хероин во Колумбиja
Колумбиската полиција запленила 97,5 килограми хероин, за кој верува дека им припаѓал на Револуционерните оружени сили на Колумбија.
Запленетата дрога, пронајдена во подземно засолниште, би и овозможило на оваа герилска група на пазарот да заработи речиси девет милиони долари, се вели во полициското соопштение.Според податоците на Обединетите нации, оваа земја минатата година произвела 14 тони хероин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Слаб земјотрес ја погоди Хрватска
Слаб земјотрес со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во 7 часот и 45 минути по локално време, на 23 километри од Вараждин.
И покрај тоа што земјотресот бил слаб, граѓаните известуваат дека го почувствувале.
🔔#Earthquake (#potres) M1.9 occurred 23 km E of #Varaždin (#Croatia) 4 min ago (local time 07:45:02). More info at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/A75wIig2wa
🖥https://t.co/X0gkEdQAbp pic.twitter.com/Hnpm4EHjmx— EMSC (@LastQuake) December 10, 2024
Земјотресот се случил на длабочина од шест километри.
Свет
Песков: Крајот на воената операција во Украина ќе биде по постигнување на целите поставени од Путин
Специјалната воена операција на Русија во Украина ќе заврши кога ќе се остварат сите цели што ги постави претседателот на Русија Владимир Путин, изјави денеска прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Сè уште нема преговарачки процеси, знаете, украинската страна одбива какви било преговори“, изјави Песков на новинарите, пренесува РИА Новости.
Директорот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин претходно денеска изјави дека Русија е блиску до постигнување на целите на специјалната операција, дека украинската армија е на работ на колапс, а режимот на Володимир Зеленски нема легитимитет и капацитет за преговори.
Европа
Советникот на украинскиот претседател: Трамп и Зеленски ќе се договорат, ја создаваме Украина 2.0
„Приказната што треба да ја раскажете е за Украина 2.0“, вели Олександр Камишин, новиот стратешки советник на украинскиот претседател Зеленски, додека тој крева чаша за време на вечерата со ветераните и војниците. „Конечно, работите си доаѓаат на свое место“, додава тој во интервју за Телеграф.
Тој ја опишува својата работа како „пожарникар“. Секојдневно се среќава со претседателот Зеленски, кој го упатува да решава различни кризни прашања – од здравство и инфраструктура до производство на енергија и муниција. Со толку широк поглед на клучните сектори, Камишин нуди визија за Украина по примирјето: земја која би можела да стане клучен дел од Европа со луѓе кои се издржливи, технолошки напредни, вешти во развојот на дронови и одржување на железницата.
„Украина 2.0 носи лекции за одбранбената индустрија, здравството, службите за итни случаи и железничкиот систем“, вели Камишин. „Тоа не е сликата по која сакавме да бидеме познати, но научивме вредни лекции. Подготвени сме да го споделиме тоа знаење со светот“.
40-годишниот Камишин стана препознатливо лице за време на војната. Роден и израснат во Киев, тој ја започна својата кариера во приватниот сектор работејќи во КПМГ и како менаџер за инвестиции, пред да биде назначен за вршител на должноста директор на Украинските железници во 2021 година.
По почетокот на инвазијата во 2022 година, Укрзализница го доби прекарот „Железна железница“, станувајќи извор на национална гордост и клучен елемент на логистиката. На безбедно превезувала бегалци и ранети, додека во спротивна насока испраќала помош и опрема на фронтот. Во најкритичните моменти тие превезуваа по 190.000 луѓе дневно, бесплатно, со воено организирана структура.
Во февруари 2023 година, Камишин беше промовиран на позицијата министер за стратешки индустрии со клучна задача да го зголеми домашното производство на муниција. Под негово водство Украина значително го зголеми производството на оружје и разви сопствен ракетен систем со долг дострел Паљаница, кој сега е во масовно производство.
„Тоа е вистински украински производ“, вели Камишин. „Еден ден тоа ќе и треба на Австралија, Велика Британија и Јапонија. Затоа што, верувајте ми, Кина ќе тргне по Тајван, а Северна Кореја по Јужна Кореја. Наивно мислев дека Русите ќе се откажат. Сега знаеме подобро“.
На вечерата се собраа луѓе со слично убедување – енергични и иновативни, подготвени да и помогнат на Европа да ги реши проблемите. Меѓу нив беше и Олександар Пертовски, новиот шеф на Украинските железници, кој, како и Камишин, дојде од приватниот сектор, каде што работеше за ДХЛ во Сингапур. „Кога ќе завршиме со војната, ќе ви ги решиме проблемите со снегот на шините и лисјата на шините“, се пошегува тој.
Највпечатлива фигура на вечерта беше Серхиј Волински, 32-годишен војник и воен херој, чиј пиштол вметнат во појасот е единствениот знак на неговата професија. За време на опсадата на Мариупол во 2022 година, тој водел 500 војници од челичарницата Илич кон Азовстал, каде што дале очајнички отпор пред да се предадат. По четири месеци во заробеништво, тој беше разменет и прогласен за Херој на Украина, што е највисока државна награда.
„Во Велика Британија немаат никој што му е рамен“, вели Камишин. „Тој е воен талент кој може да тренира војници ширум светот“.
„Сите очекуваат дека САД ќе ја намалат нашата поддршка“, вели Камишин. „Но, Трамп сака договори. Мојот претседател исто така сака договори. Ќе најдат заеднички јазик“.