Свет
Мистериозна смрт на агентот што ја бомбардираше Србија
Американските приврзаници на теоријата на светскиот заговор деновиве обраќаат големо внимание на едно убиство во зафрлениот округ Лоудоун во државата Вирџинија.Причината за тоа е премолчената улога на убиениот во операциите на Пeнтагон и на CIA и бомбрадирањето на Кинеската амбасада во Белград
Според исказите на соседите кои го пронашле безживотното тело на Вилијам (57-годишен) и неговата претепана сопруга Синтија Бенет (55-годишна) со бејзбол палки, пронајдени на автопатот до градчето Ленсдаун, чудно било што Бенет последните неколку години откако се вселил во куќата речиси и да не излегувал од неа, живеал многу повлечено и претпазливо и многу малку комуницирал со нив. Полицијата за убиството, пак, сомничи некоја од бандите на средноамериканските доселеници, претпоставувајќи дека бруталното убиство е крвава иницијација на нивните нови членови. Претпоставките ги темели на тоа што во тој регион делувале многу улични банди, но досега од нив страдале само хиспаноамериканските имигранти, а не англосаксонските староседелци.Под наслов „Повеќе теории од одговори“, локалниот весник Loudoun Independent вели дека мистеријата ја подгрева и тоа што во истрагат за убиството на Бенет се вклучени и агенти на FBI, што е необично за случај на спорадичнио улично насилство, се зебележува во американските весници. Вилијам Бенет бил пензиониран полковник на американската армија а работел и на стручни анализи за употребата на противракетниот систем Патриот во странство. Работел и за CIA (до 2000 г.) при одредувањето на целите во Србија за време на операциите на НАТО во пролетта 1999 г..На 7-ми април 1999 г., три наведувачки ракети од типот „Патриот“ ја погодија амбасадата на Кина во Белград, по што следеше жестока реакција на Пекинг и насилни протести против САД. Во внатрешната истрага за наводната грешка спроведена од американската администрација прогласен за виновин беше токму Вилијам Бенет.Американските медиуми велат дека иако лесно може да се покаже дека станвуа збро за случајно убиство или злосторство без мотив, над убиството на Бенет сепак секогаш ќе остане сенката на мистериозноста, како впрочем и до причините кои придонесле да се случи катастрофалната погрешна проценка и да се ракетира кинеската амбасада. Тоа ракетирање беше поврзано со тоа што над Војводина претходно беше урнат супермодерниот ткн. невидлив ловец-бомбардер F-117-A, кога пиолотот беше спасен а авионската технологијата уништена за да не дојде во противничкит раце. За ова соборување на американскиот авион беа сомничени руски или кинески воени стручњаци кои тогаш ги имаше во Белград. Треба да се напомене дека меѓу загинатите во кинеската амбасада пријавени како дипломати и новинари, западните служби тврдеа дека повеќето се стручњаци за воено воздухопловство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Кралицата на Холандија започна воена обука на 54-годишна возраст
Кралицата на Холандија, Максима (54), сопруга на кралот Вилем-Александар, родена во Аргентина, оваа недела започна обука за резервисти, во време кога холандските вооружени сили се стремат да привлечат нови регрути.
Нејзиниот потег доаѓа во време кога новата холандска коалициска влада, која треба да положи заклетва подоцна овој месец, се подготвува да ја зголеми армијата од околу 80.000 на 122.000 поради геополитичките тензии и војната во Украина во источна Европа, пишува Euronews.
Министерството за одбрана објави дека кралицата започнала обука во средата.
„Бидејќи безбедноста на Холандија повеќе не може да се зема здраво за готово, Максима одлучи да стане резервист“, се вели во соопштението. Кралската куќа Оринџ соопшти дека кралицата, „како и многу други, сака да придонесе кон таа безбедност“.
Одлуката на кралицата ја поздрави и портпаролот на Министерството за одбрана, Клас Мајер. Тој истакна дека апликацијата била нејзин избор, „но ние, секако, сме многу горди што таа го прави тоа и се надеваме дека другите ќе помислат: „Еј, ова е нешто што и јас би можела да го направам“.“
Според министерството, нејзината обука ќе ги опфати „сите практични и теоретски воени компоненти потребни за да се стане резервист“. Ова вклучува физичка издржливост, самоодбрана, стрелаштво, читање мапи и воено право.
„По завршувањето на обуката, Максима ќе биде унапредена во чин потполковник и ќе биде распоредена каде што е потребно“, соопшти министерството.
Кралицата Максима го следи примерот на својата ќерка, крунисаната принцеза Амалија, која минатиот месец заврши основна воена обука како волонтерска резервистка. Воената служба има долга традиција во европските кралски семејства, но дури неодамна жените почнаа да учествуваа во неа.
Пред пет години, белгиската крунисана принцеза Елизабет се запиша на едногодишен курс за обука на воена академија во Брисел, како дел од нејзината подготовка за нејзините идни кралски должности.
Свет
Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага
Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин, соопшти вчера норвешката полиција. Истрагата е покрената откако беа објавени нови документи што откриваат комуникации меѓу Јагланд и Епстин, пренесува ДВ.
Пал Лоесет, раководител на норвешката единица за економски криминал Оекокрим, рече дека постојат легитимни основи за истрага. „Веруваме дека постојат разумни основи за истрага, со оглед на тоа што во периодот опфатен со објавените документи тој ги извршувал функциите претседател на Нобеловиот комитет и генерален секретар на Советот на Европа“, рече Лоесет.
Во соопштението се додава дека Оекокрим, меѓу другото, ќе истражи „дали подароците, патувањата и кредитите што ги примил се поврзани со неговата позиција“.
Норвешката полиција, исто така, побарала укинување на имунитетот на Јагланд за да се олесни истрагата. Министерот за надворешни работи Еспен Барт Ајде потврди вчера дека Норвешка ќе поднесе предлог до Советот на Европа за одземање на имунитетот на поранешниот генерален секретар на таа организација.
„Важно е фактите од овој случај да излезат на виделина“, рече Ајде. Советот на Европа е меѓународна организација за човекови права и не е дел од Европската Унија.
Андерс Бросвет, адвокатот на Торбјорн Јагланд, рече дека неговиот клиент го поздравува отворањето на полициската истрага и дека целосно ќе соработува.
„Добро е Јагланд да добие авторитативно разјаснување од Ококрим, наместо целиот прес-корпус да спроведува свои мали приватни истраги“, изјави Бросвет за новинската агенција АФП.
Јагланд (75) беше норвешки премиер од 1996 до 1997 година, а подоцна генерален секретар на Советот на Европа од 2009 до 2019 година. Во периодот од јануари 2009 до март 2015 година, тој исто така претседаваше со комитетот што ја доделува Нобеловата награда за мир.
Нови документи откриваат контроверзни комуникации
Истрагата следи по објавувањето минатата недела на нова серија од речиси три милиони документи поврзани со Епстин од страна на Министерството за правда на САД. Размената на пораки меѓу Јагланд и Епстин предизвика возбуда во Норвешка.

„Бев во Тирана, извонредни девојки“, напиша Јагланд во порака до Епстин во мај 2012 година. Во друга порака од јануари 2013 година, тој рече: „Не можам само да продолжам со млади жени, како што знаете“.
Јагланд призна за весникот „Афтенпостен“ во неделата дека покажал „лоша проценка“ одржувајќи врски со Епстин.
Директорот на норвешкиот Нобелов институт, Кристијан Берг Харпвикен, изјави во среда дека се чека изјавата на Јагланд за врските со Епстин.
„Доколку се покаже дека Торбјорн Јагланд добил значителни финансиски придобивки од Џефри Епстин додека бил член на Нобеловиот комитет, тоа би било спротивно на нашиот етички кодекс“, рече Харпвикен.
Што пишува во пораките?
Пребарувањето на името „Јагланд“ во архивите на Епстин дава 2.250 резултати, кои датираат од 2011 до 2018 година. Многу од пораките се за практични договори и се напишани од секретарката на Епстин. Постојат бројни е-пораки за состаноци и договори, особено во текот на 2013 и 2014 година.
Епстин беше осуден за сексуална злоупотреба на деца во 2008 година.

Јагланд често ги потпишува своите пораки со „Т“ или „ТЈ“, што сугерира дека неговиот однос со Епстин станал доста личен во овој период.
Во март 2014 година, многу од е-пораките се занимаваат со практичните детали за целото семејство Јагланд и децата што одат на островот на Епстин.
„Ако сте ги провериле полетувањата на летовите и сте пронашле нешто што ви одговара, само известете нè“, напишал асистентот на Епстин во една порака.
„Вашиот пријател“
Во е-пошта од 8 септември 2013 година, Јагланд пишува: „Дали е можно да се посети вашиот остров за Божиќ или Велигден? Што ви одговара повеќе?“ Тој ја потпишува пораката со „вашиот пријател“.

Во порака испратена на 28 септември 2014 година, Јагланд споменува можен стан во Осло и наведува дека може да добие заем до 7,5 милиони круни (околу 650.000 евра).
Потоа тој бара од Епстин помош со преостанатиот износ. Јагланд верува дека му требаат 10 милиони круни за добар стан, но бара да позајми 2,5 милиони круни (околу 215.000 евра).
„Не сакам да бидам премногу задолжен кога ќе се пензионирам“, напиша поранешниот норвешки премиер.
Јагланд е еден од неколкуте истакнати Норвежани кои се најдоа под јавен надзор откако беа објавени документите. Принцезата Мете-Марит, исто така, призна дека имала лоша проценка во одржувањето контакт со Епстин откако тој беше осуден.
Свет
Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД
Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да купуваат лекови на рецепт по намалени цени, како дел од напорите на неговата администрација да ги ограничи растечките трошоци за лекови во Соединетите Американски Држави.
Трамп ја најави новата веб-страница во Белата куќа заедно со д-р Мехмет Оз, раководител на Центрите за Медикер и Медикејд, и Џо Геби, директор на Националното дизајнерско студио и коосновач на Airbnb. „Луѓето ќе заштедат многу пари и ќе бидат здрави“, рече американскиот претседател.
Американските пациенти моментално плаќаат многу повеќе за лекови на рецепт, честопати речиси три пати повеќе отколку во другите развиени земји, а Трамп врши притисок врз производителите на лекови да ги намалат цените во Соединетите Држави на нивоата што се плаќаат во странство.
Шеснаесет од најголемите светски производители на лекови склучија договори со администрацијата на Трамп за намалување на цените на лековите за Американците во замена за ослободување од американските царини. Според договорите, фармацевтските компании ќе ги намалат цените на лековите за владината програма Медикејд или за потрошувачите кои плаќаат во готово преку TrumpRx.

