Свет
2020 најсмртоносна година во историјата на САД

2020 е најсмртоносна година во досегашната историјата на САД, каде што по првпат има повеќе од три милиони смртни случаи, за што значително придонесе и пандемијата на коронавирус.
Конечните податоци за смртноста за оваа година нема да бидат достапни уште неколку месеци, но прелиминарните статистики покажуваат дека САД се на пат да забележат повеќе од 3,2 милиони смртни случаи годинавa, односно минимум 400.000 повеќе отколку во 2019 година.
Бројот на смртни случаи во Америка се зголемува речиси секоја година, но во 2020 бројките се зголемија за околу 15 проценти, а тој раст може да биде поголем откако ќе бидат обработени податоците од декември.
Ова може да биде најголем процентен скок на бројот на смртни случаи од 1918 година, кога десетици илјади американски војници загинаа во Првата светска војна, а стотици илјади Американци починаа од пандемијата на грип. Тогаш, смртните случаи се зголемиле за 46 проценти во споредба со 1917 година, пренесува АП.
Повеќе од 320.000 Американци починале досега од Ковид-19. Пред пандемијата, постоеше причина за надеж во поглед на трендовите со стапката на смртност во САД. Вкупната стапка на смртност малку се намали во 2019 година, како резултат на намалувањето на срцевите заболувања и смртните случаи од рак. Очекуваниот животен век се зголеми малку, за неколку недели, втора година по ред, според податоците објавени од Центрите за контрола и превенција на болести.
Сепак, очекуваниот животен век во 2020 би можел да падне за дури три години, велат експерти од областа на здравствената заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Естонија ја доби првата премиерка

Двете најголеми политички партии во Естонија денеска постигнаа договор за новата влада предводена од Каја Калас, првата премиерка во историјата на балтичката земја.
Претходната влада падна минатата недела поради корупциски скандал.
Лидерите на опозициската Партија за реформи, Каја Калас (43), и на партијата на поранешниот премиер Јури Ратас, денеска гласаа за формирање коалициска влада. Според договорот, двете партии ќе имаат по седум министерства во владата со 15 члена, вклучувајќи го и премиерот Калас.
Каја Калас е ќерка на еден од основачите на Партијата за реформи, Сим Калас, адвокат и поранешен член на Европскиот парламент.
Свет
Четворица министри во владата на Зимбабве починаа од коронавирус

Четворица министри во Владата на Зимбабве починаа од коронавирус, од кои тројца во последните две недели, што укажува на нагло ширење на инфекцијата во таа јужноафриканска земја.
Покрај тројцата министри, неодамна починаа уште неколку познати политичари и јавни личности.
Опозицијата ја обвинува владата дека ја користи пандемијата како оружје со апсење на нејзини членови и други критичари и нивно чување во преполни затвори каде инфекцијата лесно се пренесува.
Критичарите, исто така, ја обвинуваат владата за занемарување на јавните болници, каде што многу заразени со вирусот не можат да го добијат потребниот кислород за да преживеат.
Многу членови на елитата се лекуваат на скапи приватни клиники или во странство.
Претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва, изјави дека владата сè уште размислува која вакцина да ја купи.
Зимбабве, како и многу други африкански земји, првично имаше малку регистрирани инфекции, но неодамна имаше скок на бројот на заразени.
Многумина стравуваат дека новиот вид коронавирус, кој се шири многу побрзо, влегол во земјата кога десетици илјади нејзини граѓани се вратиле дома за празниците од Јужна Африка, каде што живеат и работат.
Зимбабве, земја со 15 милиони жители, досега има пријавено 31.000 заболени и 974 смртни случаи од коронавирус, додека на почетокот на декември имало околу 10.000 заразени.
Регион
Во Словенија потврден новиот вид на коронавирус

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, на вонредна прес-конференција, објави дека во земјата е потврден првиот случај на инфекција со англискиот вид на коронавирус. Станува збор за косовски државјанин кој престојува во Словенија, а кој се вратил од Белгија.
Јанша рече дека поради можноста во Словенија да има поголем број на случаи на т.н. англиски вид коронавирус, словенечката влада ќе ги преиспита одлуките за олеснување на мерките следната недела.
Словенечкиот премиер кажа дека веќе започнало преиспитување на стотици луѓе со позитивен тест за коронавирус во сите словенечки региони, со цел да се утврди дали станува збор за англискиот вид.
„Некои наоди беа позитивни“, рече Јанша, но ги негираше извештаите во некои медиуми дека веќе биле потврдени десетина вакви случаи.
„Податоците за состојбата со епидемијата од последните три дена не влеваат оптимизам“, рече Јанша, додавајќи дека состојбата со бројот на новоинфицирани во неколку региони е влошена.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот