Свет
Стотина ученици заболени во Њујорк, во Мексико 159 мртви
Состојбата со свинскиот грип во САД во вторник нагло се влошила. Објавено е дека се разболеле стотини ученици во Њијорк, а сојузната епидемиолошка служба предупредила дека оечквуа ширење на болеста но и смртни случаи
Американскиoт центар за следење и превенција на болести (CDC) потврдил дека во САД има 64 случаи на новиот тип во пет сојузни дражави. Најмногу случаи има во Њујорк, 45. Градските власти информираат дека има знаци дека заразата се проширила и надвор од гимназијата „Сент Френсис Препаратори“, каде прво се појави откако група ученици се вратија од Мексико. Гиманзијата е најголемо католичко средно училиште во Америка со околу три ијалди ученици, и досега на симптоми од свински грип се пожалиле околу стотина, што и не се потврдени како сигурни. Директорот на гимназијата изјавил за медиумите дека и дванаесет професотри се пожалиле на истите симптоми„Очекувам дека ќе имаме и смртни слуачи од оваа зараза“, изјавил Ричард Бизер, на брифингот за новинaрите. Претседателот Барак Обама побарал од Конгресот милијарда и по долараи за итно помагање на борбата со епидемијата на национално ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина бара поголема поддршка од Г7
Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, денес во Отава ги повика партнерите од Г7 да ја зголемат поддршката за Украина, да инвестираат во нејзината одбранбена индустрија и да го оневозможат продолжувањето на војната за Русија.
„Исклучително е важно да се зајакне поддршката за Украина и да се зголеми притисокот врз Русија. Мораме да ја направиме цената на продолжувањето на војната неподнослива и опасна за рускиот претседател Владимир Путин и неговиот режим. Доволен притисок ќе ја принуди Русија да ја заврши војната“, рече Сибиха на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Отава, пренесува Укринформ.
Тој оцени дека Путин „сè уште има илузија дека може да победи, иако во реалноста изгуби над милион војници и не постигна никаква стратешка цел“.
Сибиха ги повика земјите од Г7 да ги зголемат инвестициите во украинското производство на ракети и беспилотни летала, воздушна одбрана и муниција.
Тој нагласи дека поморската и енергетската безбедност се приоритетни прашања.
„Стабилноста на Украина на море е дел од заедничката стабилност од Атлантикот до Индо-пацифичкиот регион“, нагласи шефот на украинската дипломатија.
Сибиха е во посета на Канада, каде што учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Групата седум на покана на канадската колешка Анита Ананд.
Фото: принтскрин
Свет
Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија.
„Москва отсекогаш ја разбирала опасноста дека Европа се подготвува за војна со Русија и сите безбедносни мерки се преземени однапред“, рече Песков во интервју за весникот „Лајф“, пренесува РИА Новости.
Тој истакна дека зголемувањето на воените буџети на европските земји води до преоптоварување на нивните економии.
„Европските земји се залагаат за понатамошно зголемување на нивните воени буџети, дури и ако тоа ги уништува нивните економии. Ова води до економско преоптоварување и потоа ќе има посериозни последици на среден рок“, рече Песков.
Како што изјави, Москва ја дели оценката на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изјави дека Европа јасно се подготвува за војна со Русија.
„Визијата на Москва се совпаѓа со онаа на Белград и силните промилитаристички чувства навистина преовладуваат во Европа“, додаде портпаролот на рускиот лидер.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан до Брисел; „Нема да дадеме ниту една пара на мигрантите“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека земјата нема да го спроведе пактот за миграција на Европската Унија „сè додека има национална, патриотска влада“.
„Брисел издаде наредба. Пактот за миграција се активира. Би сакал да бидам јасен еднаш засекогаш: сè додека Унгарија има патриотска влада, нема да го спроведеме пактот за миграција“, рече Орбан во видео порака објавена на Фејсбук, објави MTI.
Тој нагласи дека Унгарија нема да прифаќа мигранти и нема да им даде ниту една пара.
Пактот за миграција и азил е збир на правила на ЕУ што треба да почнат да се применуваат од јуни 2026 година, а неговата цел е да се создадат ефикасни и униформни процедури за управување со пристигнувањата, да се обезбеди фер распределба на товарот меѓу земјите-членки и да се воспостави солидарност, а во исто време да се заштитат основните права на мигрантите.
Фото: принтскрин

