Свет
Во Израел потврден трет случај на заболен од грипот од типот А
Во Израел официјално е потврден трет случај на лице инфицирано со вирусот H1N1 на грипот од типот А, соопштил денеска портпаролот на израелското Министерство за здравство, Ејнав Шимрон, ренесуваат агенциите
Тој нагласил дека станува збор за 34-годишен Израелец, кој неодмана се вратил од Мексико.Според Шимрон, покрај заболениот, во карантин во болницата „Ихилов“ во Тел Авив е ставена и неговата пријателка, која ќе остане таму се додека не бидат познати резулатите од нејзиното теститање.Новиот грип од типот А претходно беше потврден и кај уште двајца Израелци, на возраст од 26 и 49 години, кои исто така биле во Мексико. Двајцата се веќе излекувани и се отпуштени од болницата во која беа хоспитализирани по утврдувањето на болеста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Русите објавија снимка од нападот на украинскиот воен аеродром
Руските сили го нападнаа воениот аеродром Мирхород во регионот Полтава, што резултираше со извесни загуби, потврди на социјалните мрежи портпаролот на воздухопловните сили, Јуриј Ихнат.
Руските медиуми претходно објавија снимки од нападот, истакнувајќи дека се уништени пет воени авиони Су-27, а други два се оштетени. На видеото се гледа чад и оган на аеродромот.
„Како резултат на рускиот удар, уништени се пет активни повеќенаменски борбени авиони СУ-27, а два се оштетени“, соопшти руското министерство.
Русија ги гаѓа украинските аеродроми токму во моментот кога Киев се подготвува да го прими првиот американски авион Ф-16 кој Москва вети дека ќе го уништи.
Myrhorod Air Base. Not the first time that Russian recon drones have been able to quietly observe before striking with an Iskander cluster missile. It appears that at least 1 Ukrainian Su-27 has been destroyed, while several others are also believed to have been damaged. pic.twitter.com/OsZeeuCMp1
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) July 1, 2024
„Тоа беше напад. Има загуби, но не и оние што ги презеде непријателот“, кратко одговори Ихнат. Тој не соопшти детали за претрпената штета. Првичните извештаи за нападот предизвикаа бес на социјалните мрежи, при што некои ги критикуваа воздухопловните сили дека не успеале соодветно да го обезбедат аеродромот и покрај претходните предупредувања за потенцијален напад.
Ихнат се обиде да ја одбрани армијата и ги повика медиумите на умереност, предупредувајќи дека руските извори ги преувеличуваат достигнувањата на Москва „од почетокот на инвазијата“.
„Воздухопловните сили прават сè за да му се спротивстават на непријателот, да го измамат, вклучително и со помош на лажни модели и други средства“, рече тој.
Нагласи дека украинските аеродроми се под постојана закана од руски ракетни и напади со беспилотни летала.
На 16 март Ихнат беше разрешен од позицијата портпарол, но продолжи да работи во воздухопловните сили, пишува Киев Индипендент. Инаку, Русите веќе извршија интензивен воздушен напад на воениот аеродром Мирхород во јуни минатата година.
Свет
Силни турбуленции на летот за Уругвај: 30 лица повредени, принудно слетaa во Бразил
Авионот на „Ер Европа“ за Уругвај го погодија силни турбуленции во кои се повредени 30 лица, поради што принудно слета во Бразил, јавува „Би-би-си“.
Авионот Боинг 787-9 Дримлајнер на „Ер Европа“ летал од Мадрид кон Монтевидео кога се случил инцидентот во воздух, соопшти компанијата.
Летот UX045 на пат кон уругвајската метропола беше пренасочен кон аеродромот Натал во североисточен Бразил, напиша шпанската компанија на „Икс“.
Констатирано е и дека на повредените патници им била укажана помош.
„Нашиот лет за Монтевидео беше пренасочен кон Натал поради силни турбуленции“, објави „Ер Европа“ на својата социјална мрежа.
„Авионот слета нормално, а оние со повреди со различна тежина веќе се лекуваат“.
Според „Ер Европа“, вториот авион требаше да полета од Мадрид подоцна во понеделникот за да ги земе патниците и да продолжи кон Уругвај.
Свет
Северна Кореја: Тестиравме нова ракета, може да носи боева глава од 4,5 тона
Северна Кореја објави дека успешно тестирала нова тактичка балистичка ракета која може да носи супер голема боева глава од 4,5 тона, објави денеска државната новинска агенција КЦНА.
Се наведува дека тестирањето на новата тактичка балистичка ракета, наречена Хвасонгфо-11 Да-4.5, било спроведено со симулирана тешка боева глава за да се потврди стабилноста и точноста.
Државната ракетна администрација ќе изврши уште едно лансирање на ист тип на проектили во јули за да ја тестира „моќта на експлозија“ на супер големата боева глава, соопшти КЦНА.
Хвасонгфо-11 или Хвасонг-11 е серија балистички ракети со краток дострел развиени од Северна Кореја, инаку познати како КН-23 и КН-24.
КН-23 најверојатно е ракета што Северна Кореја и ја испорачала на Русија и ја користела во војната против Украина, според украинските власти кои ги испитуваат остатоците од проектили лансирани од Русија од декември.
Северна Кореја и Русија негираат каква било трговија со оружје, но нивните врски се развија брзо откако нивните лидери се состанаа во септември во Русија за поблиска воена соработка.