Свет
Иран ги ракетирал Курдите на ирачка територија
Хеликоптери на елитната иранска Национална гарда извршиле напад врз позиции на Курдите во Ирак
Ирак го потврди нападот на иранските воени хеликоптери на негова територија во трите курдски села, Кани Саиф, Јормараси и Кара Созив во планинската област Чома Сар. Се претпоставува дека нема големи штети и жртви, бидејќи станува збор за многу слабо населено подрачје. Ирански воени зизвори рекел дека нападот не се одвиал на ирачка територија, туку само на иранска.Станува збор за прв напад на иранската армија против курдите во кои е употребено воздухопловството во двата напада на истите села. Ирачки офицер изјавил дека досега овие села не биле сметани за упоришта на припадниците на иранската сепаратистичка Партија за слободен живот на Курдистан (PJAK), која била цел на иранските напади.Пред десетина дена, напаѓач со огенно оружје уби десет ирански полицајци во престрелка во западен иран. Иранските државни медиуми соопштија дека во судири меѓу иранскитеполицикси сили и курдските бунтовници близу ирачко-иранската граница, биле ликвидирани припaдниците на PJAK.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

