Свет
Чавез ќе одзема дел од имотот на нафтените компании

Венецуелскиот претседател Хуго Чавез најави дека неговата влада од денеска ќе почне да запленува одредени имоти на нафтените компании откако националното Собрание го одобри законот што го овозможува таквиот чекор.
Законот е донесен в четврток, а и овозможува на државната нафтена компанија Петролеос де Венецуела СА (ПДВСА) да ги преземе кооперантите без вообичаените експропријациски постапки.Според Чавез, ПДВСА денеска ќе заплени 300 чамци, десетина пристаништа и друга транспортна инфраструктура на езерото Маракаибо во западниот дел на земјата, а ќе ги преземе и осумте илјади работници кои работат на тие места.Венецуелската државна нафтена компанија неодамна се судри со домашните и странски служби коишто и помагаат во вадењето нафта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Романскиот премиер поднесе оставка, неговата партија ја напушта владата

Романскиот премиер Марсел Чолаку денес изјави дека поднесува оставка од својата функција по состанокот на владејачката коалиција, на кој беа разгледани резултатите од првиот круг од претседателските избори и слабите резултати на кандидатите на владејачката коалиција.
„Во декември беше формирана владејачка коалиција со две цели: да се обезбеди стабилна влада и да се обезбеди кандидат кој ќе ги добие претседателските избори во Романија. Не успеавме да постигнеме една од овие две цели.“
Го видовме гласањето на Романците вчера, тоа значи дека владејачката коалиција нема легитимитет“, рече Чолаку, објави романскиот портал Диги24.
Чолаку рече дека им предложил на своите колеги од Социјалдемократската партија на Романија (ПСД) да ја напуштат владејачката коалиција, што имплицитно води до негова оставка од функцијата премиер.
Тој, исто така, објави дека ПСД нема официјално да поддржи ниту еден кандидат во вториот круг.
Чолаку им изјави на новинарите дека ја разгледува можноста за оставка со оглед на лошиот резултат постигнат од кандидатот на претседателските избори, поддржан од владејачката коалиција, кој не влезе во вториот круг од изборите.
Лидерите на владејачката коалиција, која ја сочинуваат ПСД, Националната либерална партија (ПНЛ) и Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија (УДМР), денес се состанаа за да ја утврдат стратегијата за вториот круг од претседателските избори, но и да разговараат за иднината на владејачката коалиција.
Опозицискиот ултрадесничар Ѓорѓе Симион и градоначалникот на Букурешт Никушор Дан ќе се борат на 18 мај во вториот круг од изборите за нов претседател на Романија, според романските медиуми, повикувајќи се на податоци од Централната изборна комисија. По обработката на 99,99 проценти од гласачките ливчиња, Симион освои 40,94 проценти од гласовите, а Никушор Дан 20,99 проценти од гласовите, објави романскиот портал Digi24.
Кандидатот на владејачката коалиција, Крин Антонеску, доби 20,07 проценти од гласовите, пренесува Танјуг.
Свет
Трамп им нуди на мигрантите 1.000 долари ако одлучат доброволнo да заминат од САД: „Ако се добри, можат да се вратат“

Администрацијата на Трамп ќе понуди 1.000 долари и помош за патување на сите мигранти кои ќе одлучат доброволно да се „самодепортираат“ од Соединетите Американски Држави, соопшти во понеделникот Министерството за внатрешна безбедност. Понудената сума пари и потенцијалната авионска карта за мигрантите кои ќе одлучат доброволно да заминат би чинеле помалку од самата депортација, соопшти министерството, пренесуваат светските агенции.
Според написите, просечната цена на апсење, притворање и депортирање на лице без правен статус е околу 17.000 долари. Претседателот Доналд Трамп, републиканец, вети по преземањето на функцијата во јануари дека ќе депортира милиони луѓе од земјата, но досега заостанува зад својот демократски претходник Џо Бајден по ова прашање, анализираат медиумите.
Според одделот, администрацијата на Трамп депортирала 152.000 луѓе од 20 јануари, што е намалување во однос на 195.000 депортирани помеѓу февруари и април минатата година, кога Бајден беше претседател.
Трамп го откри планот во април, велејќи дека САД ќе разгледаат можност за враќање на доброволно депортираните мигранти. „Ако се добри, ќе работиме со нив за да ги вратиме што е можно поскоро“, рече тој тогаш.
Министерството додаде дека сите оние кои доброволно ќе одлучат да ги напуштат САД „можат да придонесат“ за можноста за легално враќање, но не е наведен никаков конкретен метод или програма.
Регион
Брнабиќ за навредите кон Вучиќ: Во последните 72 часа видовме сè, омраза кон еден човек, желби и надежи дека ќе умре

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, зборуваше за навредите упатени кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
У последњих 72 сата смо видели све – непатворену мржњу према једном човеку, жеље и надања да ће умрети (што пре), салве увреда на његов рачун, као и на рачун његове породице (поново), покушаје да му се уништи живот, како професионални, тако и приватни (најбоље и професионални и…
— Ana Brnabic (@anabrnabic) May 5, 2025
„Во последните 72 часа видовме сè -омраза кон човек, желби и надежи дека ќе умре (што поскоро), навреди на негова сметка, како и на сметка на неговото семејство (повторно), обиди да му го уништат животот, професионален и приватен. Не бираа ниту средства, ниту зборови и не ги интересираше исходот ниту за Србија, ниту за него самиот, или за неговото семејство. Единствена цел, како и секогаш, беше да му наштетат, да го повредат и омаловажат, да му направат некоја мизерна пакост. И веќе со години тоа е нивната цел, но со години не успеваат во тоа затоа што народот ја цени неговата работа, неговата борба, неговата посветеност и љубов кон Србија.
Се што се обидуваа да му направат во изминатите 13 години беше собрано во изминатите 72 часа. И повторно тој ќе победи, како што ќе победи и Србија. Нетрпеливо чекам да дојде среда навечер, кога сите тие мали, палави души ќе бидат заглавени во место. Само напред, претседателе“, објави Брнабиќ.