Свет
Убиени над сто деца во Шри Ланка
Над сто деца се убиени викендов за време на бомбардирањата што армијата на Шри Ланка ги изврши во североисточниот дел на земјата, соопшти портпаролот на Обединетите нации(ОН) во Коломбо
„Убиството на цивили, меѓу кои има и повеќе од сто деца, покажува дека тоа било крвава бања“, изјави портпаролот на ОН, пренесува Макфакс.Судирете меѓу припадниците на Тигрите за ослобудување на тамилски Елам владините сили траат веќе 37 години. Според податоците на Обединетите нации, во последната офанзива која валдата на Шри Ланка ја нарече конечна, убиени се околу 6.500 цивили, а ранети се околу 14 илајди лица. Цо последните четири мењсеци зарди ѓестоките борби, 200 илјади луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.„Ако светот и натаму ги игнорира страдањата на виилите во Шри Ланка, како што прави десега, ќе се соочи со историска хуамнитарна катастрофа“, се вели во заедничкото соопштение на Хјуман Рајт Воч, Амнести интернешанел и Меѓународната кризна група. Интернетската страница на тамилските тигри – тamilent, објави дека минатиов викенд во нападите на владините сили биле убиени 3.200 лица. Владата ова го демантираше обвинувајќи ги тамислктие тигри дека самите убиле 250 цивили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.