Свет
Сезоната на урагани во Атлантикот се ближи

Сезоната на урагани во Атлантскиот океан, која почнува на први јуни, ќе донесе најмалку три големи урагани, очекува американската национална управа за океани и атмосфера.
Таа за годинава најави девет до 14 тропски бури во Атлантикот, кои ќе бидат доволно силни за да добијат име, од нив четири до седум ќе прераснат во урагани, а три ќе бидат големи.Минатата година во сезоната на урагани која завршува на 30 ноември во овој дел на светот имаше 16 тропски бури со име, од кои осум урагани, а пет големи. Во ланската сезона на урагани која вообичаено пустоши во југозападниот дел на САД, Мексиканскиот залив, Мексико и Карибите загинаа околу илјада луѓе.Тропската бура добива име, ако брзината не ветрот достигнува најмалку 63 километри на час. За ураган се потребни 119 километри на час, а за голем ураган 179 километри на час.Годинава првата бура ќе се вика Ана, па ќе следуваат Бил, Клодет и Дени.Властите веќе ги повикаа 35-те милиони Американци, што живеат во загрозените подрачја добро да се подготват и да ги почитуваат упатствата на спасувачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.