Свет
Безредија меѓу сиките и во Индија, двајца загинати
Две лица загинале во протестите на север од Индија, како реакција на вчерашниот напад врз храм на сиките во Виена и загинувањето на еден свештеник
Од пладнево избувнаа протести откако вчера во Виена беа повредени 30-ина лица, а гуруто Сант Рама Нанд претпладнево почина од здобиените повреди при нападот на светилиштето при судирот на двете ривалски заедници. Жртвите на нередите во северната индиска држава Пенџаб ги изгубиле во два одвоени инцидента, јавуваат светските агенции. Едната загинала од истрели од огнено оружје во градот Џаланхару, а другата во блиското село Лабра, а притоа биел тешко повредени други 12-мина.Протестирајќи против убиството на својот гуру, претставника на пониските касти, многу сики протестирале во поголемите градови на Пенџаб, а до најголеми немири дошло во Џаландаху, центарот на сектата на сиките именуван Дара Саш Кхнада која ја сочунуваат т.н. „недопирливи“. Судирите биел жестоки и не биле спречени ниту со прогласување полициски час. Низ Пенџаб биле каменувани возови и автобуси, блокирани железничките линии и патиштата, а во светиот град Амриштар биле запалени десетици автобуси.Индиската полиција употребува солзавец и огнено оружје во растерувањето на разјарената толпа, па се претпоставува дека загинатите се жртви на истрели на полицајци, што дополнително може да ги разгоре безредијата. Премиерот Манмохан Сингх кој и самиот и’ припаѓа на религиозната заедница на сиките, изјавил дека е многу загрижен со нападите врз гуруата во Виена и апелирал да се смират страстите. „Без оглед на провокацијата, важно е да се одржи мирот и хармонијата меѓу различните заедници“, изјавил за индиските медиуми Сингх.Гуруто Нанд инаку претставник на сиките од кастата на „недопирливите“, односно на најниската каста, им подлегна на раните здобиени откако при неговото обраќање во светилиштето во Виена беше нападнат со ножеви и пиштоли кога се судрија две спротиставени заедници на сиките. Во Виена покрај 16-те лица, тешко е повреден и уште еден гуру, Сант Нирњан Дас. Се претпоставува дека до судирите дошло поради несогласување околу улогите на кастите во религијата на сиките. Во светот има 25 милиони сики кои претежно живеат во северна Индија, а во Австрија нивната заедница брои речиси три илјади припадници. Австриската полиција во понеделникот соопшти дека уапсила шест лица за планирање на нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos
Свет
„Што е спротивно на поредокот заснован на правила? Тиранија и војна“ – Калас остро на панел дискусија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави на една панел-дискусија дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност за прекршувањето на правилата.
„Сите се повикуваат на Повелбата на Обединетите нации. Начелата постојат. Но што се случува кога некој ќе ги прекрши? Очигледно е дека одговорноста не функционира“, рече Калас.
Таа смета дека Советот за безбедност не работи според замислата и дека Обединетите нации „не го одразуваат светот каков што е денес“.
„Повеќето држави во светот сакаат поредок заснован на правила, сакаат правила што ќе го регулираат начинот на кој комуницираме и соработуваме едни со други“, додаде Калас.
Истакна дека големите меѓународни кризи низ историјата го поттикнувале развојот на меѓународното право и дека сегашната криза е можност „овој свет да се развие“.
Коментирајќи го говорот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој изјави дека „стариот светски поредок исчезна“, Калас заклучи:
„Која е спротивноста на светски поредок заснован на правила? Тоа се тиранија и војни. А очигледно таму се наоѓаме сега.“
Свет
Гувернерот на Калифорнија: Трамп е привремен, ќе замине за три години
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, жестоко го критикуваше Доналд Трамп, нарекувајќи го „најразорниот претседател“ во историјата на САД и обвинувајќи го дека „сѐ подлабоко тоне во глупост“.
„Никогаш во историјата на САД немало поразорен претседател од сегашниот жител на Белата куќа“, рече Њусом.
Тој смета дека Трамп „се обидува да нѐ врати во 19 век“, додека, како што истакна, Калифорнија успешно покажува дека може да спроведува политики, да се натпреварува и да доминира.
„Ако денес не запомните ништо друго, запомнете го ова: Доналд Трамп е привремен. Ќе замине за три години“, рече Њусом.
Коментирајќи ја климатската криза, тој нагласи дека таа директно ги погодува Американците: „Луѓето горат, се гушат и се варат од горештини; истовремено имаме суши и поплави, како и историски шумски пожари.“
Тој додаде дека во Калифорнија ова прашање одамна ги надминало партиските поделби:
„Калифорнија е голема сина држава, но тука живеат повеќе републиканци отколку во многу републикански држави. Ние одамна сме над партиските поделби, бидејќи нема републикански или демократски термометар. Постојат само реални температури.“
Инаку, Њусом се споменува како можен кандидат на демократите за претседателските избори во 2028 година.

