Свет
САД склучија договор за производство на вакцина за новиот грип
Најголемиот светски производител на вакцини склучи договор со САД за почнување на производството на вакцина за свинскиот грип. Во Мексико се прави статуа на момченцето кај кое беше прво регистриран новиот тип грип
Соединетите Држави и фармацевтската компанија Sanofi Pasteur потпишале договор вреден 190 милиони долари за производство на вакцина за грипот од типот (AH1N1).Во мексиканскиот градот Веракруз се довршува бронзена статуа на момченцето кај кое беше прво потврден новиот тип вирус на свинскиот грип. Четиригодишниот Едгар Хернандез лекарите го лечеле само со антибиотик и тој набрзо беше излечен. Статуата ќе биде поставена во селото Ла Глориа каде се наоѓа свињарската фарма на најголемата американска компанија за производство на свинско месо Smithfield Foods, поточно нејзината мексиканска филијала Granjas Cаrroll. Научниците се’ уште се убедуваат да утврдат дали епидемијата почнала токму од оваа фарма, но иако уште пред речиси цел месец земаа примероци на крв од луѓето и животните на фармата, се’ уште нема објавени резултати. Од друга страна, пак, најпогодената држава со епидемијата од новиот грип Мексико ја почна кампањата за привлекување на туристите кои се’ поретко се одлучуваат за оваа до минатата година привлечна дестинација. Во таа насока тамошните власти покренаа кампања од 90 милиони долари за враќање ан туристите во која се појавуваат славниот оперски пејач Пласидо Доминго и други мексикански ѕвезди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

