Свет
Може ли Ахмадинеџад да ги изгуби изборите од Иранките?
Аналитичарите сметаат дека првпат на изборите во Иран, главната улога може да ја одигра една жена. Захра ја гледаат како голема предност на реформистичкиот кандидат Мусави
Захра Раханвард е сопругата на поранешниот ирански премиер и сегашен претседателски кандидат Мирхосеин Мусави. Многумина во него го гледаат единствениот човек кој може да го собори од власта актуелниот претседател на Иран, Махмуд Ахамдинеџад. Странските дописници од Техеран известуваат дека Захра, која е мајка на три деца, научник, уметник и поранешен ректор на Универзитетот Ал-Захра, на предизборните митинзи младите Иранки ја дочекувале како голема ѕвезда од шоу-бизнисот. Госпоѓата Рахнавард која својот сопруг го придружува на секој митинг, честопати умее и да им се обрати на жените. На пример, таа често го отвора прашањето за тоа што иранските домаќинки немаат здравствено осигурување. Таа истакнува дека барањето за исти права е главниот приоритет на жените во Иран.Досега во историјата на иранските избори е незапаметено толку значајно место во кампања да и’ биде отстапено сопруга на некој политичар. Мусави, напротив, на сите митинзи и други настапи во јавноста, својата жена ја држи за рака, а таа е присутна до него и на изборните плакати. Оттаму се очекува многу Иранки да гласаат за Мусави, за кого се верува дека може да придонесе за промени и поголеми граѓански слободи. Ахмадинеџад очигледно ја согледал опасноста, па ја нападнал Рахнавард дека нелегално дошла до докторатот. Исто така, тој ги ублажи и досега строгите ограничувања за облекување на жените, а неговата т.н. етичка полиција која внимаваше на почитувањето на муслиманските строги норми, е одеднаш повлечена во пасивност. Очигледно Мусави го направил вистинскиот изборен потег, па и другите претседателски кандидати ги следат неговиот пример, Така, конзервативецот и поранешен командант на Револуционерната гарда Мохсен Резаи ветил дека ќе ја именува првата жена шефица на иранската дипломатија. Сепак, политичките аналитичари напоменуваат и дека не треба многу да се очекува по изборите во четврток, на жените во Иран одеднаш да им биде подобрена положбата. Имено, западните аналитичари забележуваат дека меѓу триесетината текстови кои во последниот период ги објавила госпоѓата Мусави, едниот е вистинска ода на муслиманскиот женски зар. Името Зохра Ксеми го променила во Захра, кое е името на ќерката на порокот Мухамед, а Рахнавард значи „онаа која е на исламскиот пат“.Инаку, на изборите во 2005 г. 53-годишниот Ахмадинеџад го победи тогашниот претседател Акбар Кашеми Рафсанџани освојувајќи дури 62 отсто од гласовите на 70-милионската нација. Покрај погоре споменатите двајца негови противкандидати, на денешните избори е кандидиран и поранешниот спикер на иранскиот парламент, Мехди Кароуби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.