Свет
Чан од светските лидери побара праведност во здравствената заштита
Генералниот директор на светската здравствена организација Маргарет Чан денеска се обрати од седиштето на ОН до светската светските лидери, инфромираше Светската здравствена организација
Претседателката на Светската здравствена органзиација Маргарет Чан, во своето денешно обраќање рече дека е време да се почне да да се гради политика на праведност и непристрасност користејќи ги разликите во здравствениот статус на популациите во и меѓу земјите, како главна мерка за тоа како ние како цивилизирано општество правиме напредок. Во изминатата година светот претрпе нафтена, финасиска криза и криза со храна. Листата ја продолжува кризата која настана со пандемијата од свински грип.„Пандемијата најмногу ќе ги потресе земјите во развој кои имаа најголем број ранлива популација. Со слаб здравствен систем, на нив ќе им треба подолго време да застанат повторно на нозе.“, рекал Чан. Таа истакна и дека поголемиот примарен пристап за здравство носи поголема ефикасности му овозможува на здравствениот систем да го достигне својот потенцијал какко кохесивна стабилна социјална институција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

