Контакт

Свет

Таинствени микроби

Објавено пред

Одделно

dobivaj vesti na viber

Прашањето за чесноста и интелектуалноста не е генерациско, ниту блогерско прашање, туку тоа е еминетно морално прашање. Тоа што некој е шеесетгодшник, не го прави ништо помалку одговорен од дваесеттгодишникот. Не е во прашање генерациската припадност, или преферирањето блог-неблог, туку храброста да се излезе во јавноста и таму да се каже своето мислење, но и да се чуе мислењето на другите за себеПишува: Проф. д-р  Љубомир ЦУЦУЛОВСКИЧитајќи го последниот број на Форум, забележав како мојот пријател, проф. Владимир Петрушевски – познат уште и како Фили – негодува околу третманот на возрасните луѓе од страна на младата генерација. Колку што можев да разберам, му пречи, меѓу другото, охолоста што дел од младите ја манифестираат кон постарите. Му смета, исто така, односот на општеството кон оние кои се пред пензионирање или веќе се пензионирале. Кон нив, забележува Фили, се однесуваат како кон готова и довршено/завршена работа. Значи, како кон нешто што е веќе отфрлено. Му пречи, исто така, игноранцијата на младите – нивната површност и нивното незнаење, затскриено под плаштот на некакво знаење. Во истиот број, во својот Воведник, Слободан Чашуле исто така е незадоволен – би можело да се рече дека е дури и лут – на еден “млад” експерт, речиси детуле, кој одлучил да пишува за сè и сешто и за уште понешто. Покрај другото, реминисцирал и за улогата на неврзаните земји. Ги прочитав реакциите на моите пријатели и имам разбрање за нивниот револт. Сепак, помислив во себе, ниту староста, исто како и зрелоста, треба да биде во право само затоа што е старост, ниту младоста треба да биде грешност само поради тоа што е младост. И како што младоста има право на своја духовна и мисловна зрелост, така и возрасноста, заедно со староста, имаат право на свои ситни мани или предрасуди, бидејќи ништо на овој свет не може однапред да го има правото да биде лудо или нелудо, да биде право или неправо. Дури повеќе, се чини дека младоста има поголемо право на неодговорност, отколку што староста има такво право. Сепак, тоа не значи дека пресудата на староста треба да биде неограничена, онака како што и младоста, во својата осуда на староста, нема право на распашана жовијалност – особено тоа право го нема онаа младост, која претендира на сериозност и која сака да биде вообличувач на јавната свест.СЛОБОДАТА НА МИСЛЕЊЕТО НЕ ПРЕТПОСТАВУВА И СЛОБОДНО ТОЛКУВАЊЕ НА ФАКТИТЕВо последно време се намножија експерти од секаков вид и од секаква можна и, најчесто, неможна возраст. Нема прашање, или проблем, чие решение не го знаат. Толку знаат, што ни самите не знаат што сè знаат. Така е, бидејќи нивните знаења се бескрајни. Она што е бескрајно ниту мисловно, ниту на било кој друг начин може да се дофати. Според тоа, бескрајното знаење не може ни самото да се знае. Затоа, овој сој луѓе не ни знае колку сè знае. Сепак, нивното незнаење за нивното знаење воопшто не ги загрижува. Напротив, полни со себе, а празни во себе, тие за сешто пелтечат, пишувајќи по блогови – еден од згодните начини за маскирање – а потоа, некои од нив, и во регуларни колумни. Една таква личност си ја зела светата задача да го глорифицира капитализмот, тој економско-политички систем кој бил толку добар што не би можел подобар да биде. Во својот занес, овој човек држи лекции од австриската економска школа, од чикашката економска школа, а богами, не му е непозната ни Марксовата мисла. Од обѕир кон читателите, меѓутоа и кон извесната личност, ред е да се спомене неговото име, бидејќи не сме во стариот и страшен социјализам, во кој фрчеа анонимки. Името на овој човек, на оваа начитана и велеучена личност е Виктор Трифуновски. Господинот Трифуновски, барем според фотографијата, е млад човек. Како млад човек – што воопшто не е грев – тој има свое мислење и за Карл Маркс, што, повторно, не е никаков греев. Единствено е чуден начинот на кој ја претставува неговата мисла – што е веќе, мора да се признае, грев. Но, што да се прави, кога Бог нè создал грешни? Или, можеби, самите сме станале грешни? Сеедно на изворот на нашата грешност, еве го мислењето на г-дин Трифуновски за мислата на Маркс. Во текстот Марксизмот бара втора шанска? (Дневник, 18.5.2009.) овој виден “познавач” на Марксовата мисла смета дека, според Маркс “… технолошкиот напредок е негативна појава која креира невработеност и сè поголема сиромаштија, која на крајот го урива и целиот систем. Значи, според Маркс, онаму каде владее технолошкиот напредок, каде технолошкиот процес на производство е континуирано развиван и модернизиран, таму би требало да има најмногу невработени и најголема сиромаштија”. Дека секој човек има право на свое мислење, вклучувајќи го и г-дин Трифуновски, е неспорен факт. Но, од тој факт не следи дека може слободно да се однесува кон фактите. Конкретно, нека наведе во кој текст Маркс технолошкиот напредок го сметал за негативна појава. Ако по нешто Маркс е препознатлив, тогаш е препознатлив по својата глорификација на развитокот на средствата за производство, бидејќи токму производството на средства за живот е она што човекот го чини човек, одвојувајќи го од животинскиот свет. Дури повеќе, според Маркс, секој напредок во средствата за производство значи напредок во историјата; секој новосоздаден производ, значи создавање нова потреба кај човекот. Секоја новосоздадена потреба кај човекот, е создавање нов и со потреби богат човек. Се разбира, друго е прашањето за карактерот на новосоздадените потреби. Но, во овој момент, тоа прашање и не е толку битно, колку што е битна фингираната теза дека Маркс бил против технолошкиот развиток. Суштината на неговиот историски материјализам е во дијалектиката меѓу средствата за производство и карактерот на општествените односи: на колку повисоко ниво се средствата за производство, на толку повисоко ниво се и општествените односи. Притоа, во ниту еден миг Маркс не го доведува во прашање значењето, како на капитализмот, така и на буржоазијата во развиток на светот. Во Манифестот на комунистичката партија, нагласува дека благодарение токму на нив прастарите “…национални индустрии се уништени и секојдневно продолжуваат да се уништуваат. Нив ги потиснуваат новите индустрии, чие воведување станува животно прашање за сите цивилизирани нации… На местото на старите потреби, задоволувани со домашни производи, стапуваат нови, за чие задоволување се бараат производи од најоддалечените земји и поднебја… Духовните производи на одделни нации стануваат општо добро. Националната едностраност и ограниченост сè повеќе и повеќе стануваат невозможни, и од многуте национални и локални литератури се создава светска литература. Со брзото усовршување на сите средства за производство, со бескрајното олеснување на комуникациите, буржоазијата вовлекува во цивилизацијата сè… Буржоазијата создаде огромни градови и избави значителен дел од населението од идиотизмот на селскиот живот. Во своето помалку од стогодишно класно владеење, буржоазијата создаде помасовни и пограндиозни производни сили одошто сите минати генерации заедно”. Тоа довело, според Маркс, до потчинување  на природните сили, до примена на хемијата во земјоделството, до мелиоризацијата на цели делови од светот, до претворање на реките во пловни… Како резултат на тоа испарува “… сè што е стабилно и востановено, така што луѓето се принудени со трезвени очи да ја согледаат својата животна положба и своите меѓусебни односи”. Сепак, Трифуновски во стилот на обичен игнорант тврди дека Маркс бил против технолошкиот развиток и дека се залагал човекот да се врати во неговата природна, пештерска состојба, сеедно што Маркс, како што предмалку беше наведено, нагласува дека благодарение на буржоазијата и на развитокот на средствата за производство значителен дел од населението е избавен од идиотизмот на селскиот, локален живот, создавајќи светска, наместо национална литература и култура. Но, што вреди да се укажува, ако оној кому му се укажува, не сака да му се укажува.ГРИЦКАЊЕ ВО ТЕМНИЦАСепак, излегувањето на Виктор Трифуновски од сферата на блогерајот и неговото влегување во сферата и на печатените медиуми – конкретно, во Дневник – е за почитување, бидејќи така неговите размислувања стануваат достапни за поголем број читатели и, според тоа, за поголем број критичари. На тој начин, започнува да се развива и јавниот критички дух, покрај оној што се развива во сферата на блогирањето, каде значаен дел од учесниците остануваат анонимни, затскриени зад псевдоними и кои, токму поради тоа, можат да си дозволат сешто да изговорат и напишат, без да имаат тронка морална одговорност за изговореното/напишаното. Следејќи ги дискусиите по блоговите, “дознав” дека сум бил самољубив, вообразен, амимичен… Го “дознав” тоа, како што и “дознав” многу други нешта за мене и за мојот имот. Шкода-фабиа, на пример, била луксузна лимузина! Единствено не дознав кој го “дознал” и кој го напишал тоа што го “дознал” за мене. Според тоа, и да сакам, не можам јавно да одговорам. Лесно е, налик на микроба, да седиш во сопствениот мрак, демнеејќи ја “жртвата”, како и да делиш секакви морални, психолошки и интелектуални квалификации, а самиот да се сместиш во сферата на дефотливата анонимност, каков што е, на пример, случајот со блогерот Мара, кој себе, онака “скромно”, се нарекува Пријател на Народот, не оставајќи можност другите да оценат дали е Мара и дали навистина е Пријател на Народот. Кога говорам за овие појави, не мислам само на одредени млади луѓе, исто онака како што и не размислувам во генерациски категории, бидејќи прашањето за чесноста и интелектуалноста не е генерациско, ниту блогерско прашање, туку тоа е еминентно морално прашање. Тоа што некојси-таму Љубомир Бочваров има шеесетина години, не го прави ништо помалку одговорен од Мара, кој има, колку што знам, дваесетина години. Затоа, повторувам уште еднаш, не е во прашање генерациската припадност, или преферирањето блог-неблог, туку храброста да се излезе во јавноста и таму, пред сите, да се каже своето мислење, но и да се чуе мислењето на другите за себе. Во спротивниот случај, овој сој луѓе, присутен исклучиво во сферата на блогерајот, и натаму ќе живурка како микроб, грицкајќи ситно, пикнат во својот безбеден мрак. На тој начин, кукавичлакот е нивната битна одлика.

Свет

Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.

dobivaj vesti na viber

Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.

Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.

„Тоа е голема грешка“, рече тој.

Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.

Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.

„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина

Објавено пред

Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.

dobivaj vesti na viber

Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.

 

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување

Објавено пред

Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.

dobivaj vesti na viber

Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.

Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.

– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.

По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.

Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.

По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.

– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.

Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 часа

Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола

Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под...

Македонија7 часа

Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2...

Македонија8 часа

Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди зошто е загадена водата во Струга

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека на 16 февруари приватна институција од Скопје ќе ги утврдува причините за загадувањето...

Македонија10 часа

Осомничениот за убиството за жената од Челопек е поврзан и со други кривични дела

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело...

Македонија11 часа

Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница

Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна...

Македонија15 часа

Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?

Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот...

Македонија1 ден

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ1 ден

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија1 ден

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија1 ден

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија2 дена

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија2 дена

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион2 дена

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија2 дена

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија2 дена

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет2 дена

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет2 дена

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа2 дена

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет2 дена

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет2 дена

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...