Свет
Истргата за падот на авионот на Air France при крај?
Француското Биро за истраги и аналитика (BEA) кое ја води изтрагата за околностите вокои се случила несреќта на „ербас А330-200“ на летото до Рио за Париз на први јуни, во средата соопшти дека се приближува до целта
Пол-Луи Арсланиан, портпаролот на BEA, на прес- конференција изјавил дека кога ќе се земат предвид сите досегашни преземени активности и она што се добило како податоци, истрагат се приближува до нејзината цел. Шеесетина стручњаци од Бирото работат на случајот затоа што тоа е единствената авторизирана институција во Франција која може да спроведува технички истраги за причините под кои се случила некоја авионска несреќа. Сепак, останува уште малку време да се пронајдат „црните кутии“ кои најпрецизно може да дадат одговор на прашањето што навистина се случувало со авионот.„Сигурни сме дека кутиите ќе емитуваат сигнал сите 30 дена (до крајот намесецот – з.н.) и тоа ни е најважната цел. По тој период изгледите стануваат несигурни.“, изјавил Арсланиан. Тој додал дека е сигурно дека нема да бидат пронајдени сите делов од авионот, нагласувајќи дека досега се извлечени 50 тела на настраданите 228 патници и членови на екипажот, како и околу 400 авионски делови. Врз некои од телата во Бразил е извршена обдукција, но резултатите засега не се достапни за француската истрага. Што се однесува до „црните кутии“, се претпоставува дека тие се потонати на морското дно на длабочина од околу 4.600 до шест илјади метри, со нерамна конфигурација и силни морски струи, што е голема препрека за нивно пронаоѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.

