Свет
Северна Кореја ќе го ракетира САД на Денот на независноста?!

Пјонгјанг би можел на американскиот национален празник Денот на независноста на 4-ти јули, да истрела далекустрелни балистички ракети врз Хаваи, објавиле јапонските разузнавачи
Ракетата Таеподонг-2 која има дострел 6.500 километри може да биде лансирана од базата Донгчанг на северозападниот брег. Во аналитичките оддели на јапонските тајни служби сепак не веруваат дека може да бидат погодени главните острови на Хаваите кои се оддалечена околу 7.200 километри од Северна Кореја.Американските медиуми објавија дека САД веќе реагирале на ваквите можности и на Хаваи инсталирале противракетна одбрана.Јапонските сомневање се базираат на фактот што Пјонгјанг и пред три години на истиот датум изврши проба на истито проектил, но тој се урна веднаш по лансирањето.Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс изјавил дека системот за одбрна на Хаваи е состаавен од мобиле противракентен систем на копното и сателитски систем за набљудување, кој може проектилите да ги уништува во воздух.Откако Советот за безбедност на ОН донесе резолуција за ригорозни санкции кон Северна Кореја заради нуклеарната подземна проба штоја изврши на 25-ти мај, нејзиното комунистичко раководство секојдневно се заканува со употреба на оружеј при што се споменува и вклучување на нејзиниот нуклеарен потенцијал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.