Свет
Мусави не се откажува од протестите
Лидерот на иранската опозици Мусави без да го спомене неговото име го обвини ајатолахот Хамнеи дека го минимизира рапубликанското значење на Исламската република и дека сака да наметне нов политички систем
Како што западот го претставува, умерениот конзервативес и реформистички настроен, претседателски кандидат Мирхосеин Мусав упатил досега неслушната критика на адреса на врховниот ирански водач ајатолахот Али Хамнеи, кој во петокот ја потврди победата на Махмуд Ахмадинеџад на претседателските избори од 12-ти јуни. Мусави рекол, мислејќи на Хамнеи кој беше избран на оваа функција во 1989 г. дека постои план со кој не само што на народот ќе му се анметне валда која не ја избрал, туку и се сака да се наметне и нов политички живот во Иран.Мусави остро реагирал на изјавата на Хамнеи дека рзликата од 11 милиони гласови не потврдува дека имало лажирање на изборите. Reuters повикувајќи се на близок човек на Мусави кој сакал да остане анонимен, пишува дека тој рекол дека ако доколку големата измама се претставува како доказа дека немало лажирање, тоа значи нагрдување на републиканскиот систем и деја исламот е не споиво републиката. Во телефонски разговор од Техеран, изворот трекол дека Мусави е подготвен да ја истрпи жртвата и дека ќе продолжи како и досега.Во текот на денот во Техеран се згоелми бројот на судирите меѓу поддржувачите на Мусави, на полциијата и верските милици. Германската новинска агенција DPA примила информација дека имало тричасовни судири меѓу приврзаниците на мусави од една страна и безбедносните сили и следбениците на Ахмадинеџад од друга страна. Такви информации стугнуваат најчесто преку интернетските страници за дружење. демонстрантите сакале да се соберат на плоштадот Енкелаби во западен Техеран, но таму ги пречекале припадници на полицијаа и на паравоени сили. Вечерва на неколку локации имало судири, јавуваат интернетските страници.На мрежата Twitter чиј сервис САД го одложија токму заради настаните во Техеран и информативната блоакда што ја наметна тамошниот режим, се појавила информација дека велчерва имало една жртва во судирите, но тоа не е официјално потврдено. Иранските новински агенции, пак, јавиле дека досега се потврдени две жртви и осум ранети во сабајлешниот самоубиствен напад на бомбаш во музејот на ајатолахот Хомеини, но се’ уште тој инцидент не се доведува воповрзаност со протестите заради изборите.Се емитуваат видеоснимки на кои се гчедаат експлозии на гасни бомби и молотови коктели, а има информација дека е запалена зградта на исламската милиција БасиџСоветот на чиварите на исламската револуција, кои по налог на ајтолахот Хамнеи испитуваа дали имали изборна измама, во саботата изјавија дека се подготвени да исбројат само 10 отсто од гласовите, иако според неговото соопштение на тоа не е првно обврзано. Совeтот ги повика покрај Мусави и другите двајца претседателски противкандидатa на Ахамдинеџад, Мехди Каруби и Мохсен Резаи на посебна седница да ги изложат нивните приговори и лично да присуствуваат на пребројувањето на гласовите, но само поранешниот командант на Револуционерната гарда, Резаи се идзвал на повикот.Западние аналитичари изостанувањето на Мусави и каруби го толкуваат како дослено барање за целосно поништување на изборите. Партијата на поранешниот спикер на иранскиот парламент Каруби, Етемад-е Мели, соопштила дека го откажала протестниот собир во центарот на Техеран заради тоа што не добила одобрение од властите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos

