Свет
Израел не го признава Косово
Во сабота е сабат и израелската влада не работи
Министерството за надворешни работи на Израел ги отфрли извештаите дека премиерот Бенјамин Нетанјаху изјавил оти се очекува во јуни израелската влада да го признае Косово. Ова, како што пренесува Макфакс, портпаролот на израелското МНР Јигал Палмор, го изјави за косовскиот весник „Експрес”, додавајќи дека таквите извештаи „се лажни” и дека „израелскиот премиер не дал таква изјава”.„Да ви објаснам нешто, во саботите сите владини канцеларии во Израел се затворени и Владата не одржува седници. Тоа е ден за одмор. Премиерот во саботите никогаш не дава изјави за политички прашања, освен ако постои некое итно прашање, тој може да зборува и тоа само навечер”, рече портпаролот на израелското МНР.Палмор изјави дека позицијата на Израел за независноста на Косово останува непромената.„Дали кај премиерот постои, или, не намера да го смени овој став, тоа не го знам. Но, не е во агендата во овој момент и кога ќе има нешто за објавување, ние тоа и ќе го сториме”, додаде Палмор.
Тој изјави дека не треба да се очекува Израел да го признае Косово до крајот на август и ги отфрли наводите за поттик од стана на претседателот на САД.
„Барак Обама не побарал признавање на Косово од страна на Израел”, изјави портпаролот на израелското МНР.
Косовскиот министер за надворешни работи, Скендер Хисени, изјави во недела дека косовските власти го почитуваат ставот на Израел.
„Како и кај сите останати слободни земји и народи во светот, и кај израелската влада, поднесовме официјално барање за признавање. Имавме контакти со сите земји кај кои сме поднеле барање за признавање, па во тие рамки и со израелските власти. Ние ги почитуваме суверените одлуки и ставови на секоја влада на една суверена држава, се разбира го поздравуваме секое ново признавање на Косово”, изјави Хисени за „Експрес”. Израелскиот амбасадор во Белград, Артур Кол, неодамна изјави дека Израел не го признал Косово и дека „досега нема некоја причина за промена на ставот”, но, сепак, тој го изрази и своето разочарување од српската политика во однос на прашањето на Иран.Во косовските дипломатски кругови, наведува весникот „Експрес”, се верува дека независно од важноста на Израел и Ватикан во светските дипломатски односи, додавајќи ја тука и позитивноста во овие центри за Декларацијата за независност од 17 февруари 2008, евентуалното признавање на Косово од нивна страна индиректно ќе го отежни потенцијалното признавање на Косово од многу земји членки на Организацијата на Исламската Конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026

