Свет
САД вети дека повеќе ќе се грижи за цивилите во Авганистан

Командантот на американските сили за Авганистан Стенли Мекристал изјавил дека на војниците ќе им нареди да престанат да пукаат врз бунтовници ако во близина има цивили, освен во случаи кога е загрозен животот на војникот, пренесуваат новинските агенции
Мекристал минатата недела стапи на должност и нагласил дека меѓународните сили во Авганистан мора да направат „промени во однесувањето“ и борбата да ја претворат во грижа за цивилите кои треба да им бидат најголем приоритет.Регионалниот пратеник на Обама, Ричард Холбрук признал дека уништувањето полиња со афион кој се користи за производство на наркотици во Авганистан било контрапродуктивно и навел дека активностите на меѓународните трупи на тој план се намалени.Во обраќање во Конгресот, Холбрук истакнал дека цел на таа политика било да се намали трговијата со дрога, но резултатот во пракса значел дека фармерите станувале бунтовници,бидејќи немале веќе извор на приходи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Неколкумина загинаа откако патнички воз излета од шините во југозападна Германија

Неколку лица загинаа, а многу други се повредени откако патнички воз излета од шините во југозападна Германија, јави ДПА, повикувајќи се на безбедносни извори.
Спасувачките тимови се на местото на настанот и го пребаруваат возот и околината во потрага по патници.
Свет
Тројца мажи завршија во болница поради топлотен удар во Кипар

Тројца мажи се хоспитализирани денеска во Лимасол и Никозија во Кипар поради топлотен удар, при што еден од нив е во критична состојба.
Во исто време, двајца постари мажи, на возраст од 78 и 89 години, се хоспитализирани во Никозија во сериозна, но стабилна состојба. Уште еден 88-годишен пациент бил примен со симптоми на топлинска исцрпеност и е надвор од животна опасност.
Се апелира населението, особено до ранливите категории, да избегнуваат директна изложеност на сонце, да бидат внимателни и да внесуваат доволно течности, поради екстремно високите температури што зафатија делови од островот.
Свет
Фон дер Лајен се сретна со Трамп во обид да се договорат околу царините

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево во шкотското место Трнбери ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, во обид да биде постигнат трговски договор во пресрет на истекот на крајниот рок – 1 август за воведување на царини од 30 отсто за извозот на европски производи во САД.
Најавувајќи ја средбата во објава на Икс, Фон дер Лајен наведе дека со Трамп ќе „разговараат за трансатлантските трговски односи и за тоа како тие може да се одржат силни“.
Американската администрација веќе воведе царина од 50 отсто за увозот на челик и алуминиум од ЕУ, од 25 проценти за автомобили и автомобилски делови, како и основен данок од 10 отсто за поголемиот дел европски производи, со кои е опфатен околу 70 проценти од вкупниот извоз на Унијата во САД.
Средбата се одржува во услови на зголемени надежи во ЕУ дека Европската комисија би можела да постигне договор со Вашингтон по примерот на оној постигнат претходно неделава меѓу САД и Јапонија за просечна царина од 15 отсто на извозот на јапонски стоки на американскиот пазар.
ЕУ се надева дека, исто така, ќе постигне договор со САД за царинска стапка од 15 проценти, која би ја вклучувала и просечната царина од 4,8 отсто што ја плаќаат европските извозници на американскиот пазар уште од пред враќањето на Трамп во Белата куќа во јануари годинава.
Средбата доаѓа откако во четвртокот Европската комисија усвои пакет контрамерки на увозот на американски стоки во ЕУ, како одговор на најавената царина од САД од 30 отсто.
Портпаролот на ЕК за економска безбедност, трговија и царини Олоф Гил во четвртокот изјави дека фокусот на ЕУ е на постигнување на договор со САД за царините, а доколку тоа не се случи усвоените контрамерки ќе стапат во сила на 7 август.