Свет
Немирите во Иран главна тема на самитот Г8

Немирите кои со денови траат поради незадоволството од изборот на новостариот председател Махмуд Ахмандинеџад ќе бидат главна тема на денешниот состанок на групата Г8, кој ќе се одржи во Италија на почетокот од јули
Иако главната тема требаше да биде иднината на Авганистан, непрекинатите немири во Иран го свртија погледот на светот, па така и на групата Г8.Имајќи го предвид фактот дека Иран и Авганистан се соседни земји, нивните претставници исто така се повикани во Италија, но иранскиот министер за надворешни работи изјави дека нема никаква намера да патува во Италија.Доколку се појави, би го чекале прашања за иранската нуклеарна проглама, на што останатите политичари чекаа, поради ретката прилика и можност да се разговара за тоа прашање со Иран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Индискиот министер за надворешни работи го обвини Пакистан за кршење на примирјето по извештаите за експлозии

Индискиот министер за надворешни работи Викрам Мисри се осврна на извештаите дека се слушнале експлозии откако беше договорено примирје меѓу двете земји.
„Во последните неколку часа, имаше повеќекратни прекршувања на договорот што го постигнавме денеска. Ова е прекршување на договорот постигнат претходно денес“, рече тој.
Мисри додаде дека индиските вооружени сили добиле „инструкции силно да одговорат на прекршувањата по должината на границата“, повикувајќи го Пакистан да „ги запре прекршувањата“.
„Нема прекршување на примирјето“, рече пакистанскиот министер
Пристигна првата реакција на Пакистан на обвинувањата дека го прекршил прекинот на огнот со Индија.
Министерот за информации на земјата изјави за пакистанскиот медиум „Гео њуз“ дека досега не се регистрирани прекршувања на прекинот на огнот.
Свет
Папата Лав ненајавено отиде на патување надвор од Ватикан

Папата Лав денеска отиде на своето прво патување надвор од Ватикан, во италијанскиот град Џенацано, на околу еден час возење источно од Рим, за да го посети светилиштето на Дева Марија. Новиот папа пристигна на ненајавена посета, а толпата собрана пред светилиштето го поздрави со извици и аплауз.
Лав, поранешниот американски кардинал Роберт Превост, беше избран за папа на 8 мај. Тој е член на августинскиот ред, кој го управува светилиштето во Џенацано. Папата се ракуваше и благослови неколку луѓе пред да влезе во светилиштето.
По посетата, Папата им рече на собраните во светилиштето дека сака да дојде и да се моли за водство во раните денови од неговиот понтификат, според соопштението од Ватикан. Папата Франциско, кој почина на 21 април, често изненадувачки се појавуваше во католичките светилишта во близина на Рим.
Тој беше особено посветен на римската базилика Света Марија Велика, каде што одбра да биде погребан.
Свет
(Видео) Експлозии во индискиот дел на Кашмир неколку часа по објавувањето прекинот на огнот

Силни експлозии се слушнаа низ градот Сринагар во индискиот дел на Кашмир само неколку часа по прогласувањето на прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан.
„Што, по ѓаволите, се случи со прекинот на огнот? Експлозии се слушаат низ целиот Сринагар“, рече Омар Абдула, претседателот на владата на Џаму и Кашмир, во објава на платформата Икс.
This is no ceasefire. The air defence units in the middle of Srinagar just opened up. pic.twitter.com/HjRh2V3iNW
— Omar Abdullah (@OmarAbdullah) May 10, 2025
Индискиот политичар Харш Сангави објави: „Неколку дронови се забележани во округот Куч. Сега ќе биде воведено целосно затемнување. Ве молиме, останете безбедни, не паничете.“
Министерот за образование во пакистанскиот дел од Кашмир објави дека судирите продолжуваат по должината на де факто границата со Индија.
Соработник на Си-ен-ен извести за серија експлозии вечерва по локално време, по што следел прекин на електричната енергија. Причината за експлозиите сè уште не е јасна.