Свет
Бразил ја прекина потрагата по жртвите од несреќата на авионот на Air France
Бразилската авијација и морнарицата објавија дека ја прекинуваат потрагата по телата на 228-те патници и члeнови на екипажот од летот AF 447 од Рио за Париз кој заврши трагично на 1-ви јуни
Француските медиуми претпоставуваат дека една од причините за запирање на бразилската истрага е речиси целомесечното трошење на ресурсите и скапата потрага. Бразилските спасувачки екипи сметаат дека веќе е бесцелно да се трага по телата на жртвите. Досега инаку беа пронајдени телата на 51 лице кое загинаа кога авионот на Air Frаncе „ербас А330-200“ на летот од Рио де Жанеиро за Париз во ноќта на 31 мај кон 1-ви јуни се урна во водите на Атлантискиот Океан. Офицерот на бразилското воено воздухопловство Анри Муњоз изјавил деа е малку веројатно дека по толку долго време откако се случила несреќата ќе може да бидат пронајдени уште тела на загинатите и делови од авионот. Капетан на бразилската воена морнарица, Гвисемар Тобоса изјавил дека девет дена н е најдено ниедно тело, што укажува дека и натамошната потрага нема да даде резултати.Француските тимови кои се вклучени во потрагата не навестиле дека и тие ќе ја прекинат својата активност во водите на Атлантикот. Според француските медиуми, тимовите на француската воена морнарица ја продолжуваат потрагата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

