Свет
„Војна против тероризмот“, забранет термин за САД
„Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама го отфрли терминот „глобална војна против тероризмот“ затоа што не ја дефинира валидно природата на терористичката закана на која се изложени САД“, изјавил американскиот секретар за внатрешна безбедност Џенет Наполитано
„Војна подразбира конфликт меѓу држави, а тероризмот не подразбира нужно однос меѓу држави“, изјавила таа во интервју за Фајненшал тајмс. „Во извесна смисла, зборот војна е премногу ограничувачки термин“, објаснила Наполитано.Изјавата е досега најјасен доказ за промените во формулациите што ги користи администрацијата на Обама. Белата куќа во март демантираше дека издала интерна инструкција со која се исфрла терминот војна против тероризмот. Весникот наведува дека Обама одамна ја избегнува таа формулација која политичарите ја сметаат за проблематична и политички контрапродуктивна. Наполитано, која е во посета на Велика Британија изјави дека САД продолжуваат да ја следат терористичката закана во САД по извештајот на Министесртвото за внатрешна безбедност во кој се вели дека економските потешкотии и враќањето на воените ветерани може да ја зголемат опасноста од терористички акции на поединци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

