Свет
Питон задави двегодишно девојче на Флорида.
Питонот долг речиси два метри, го скршил заштитното стакло од аквариумот, отишол до спалната соба и го задавил двегодишното девојче
Кога утрината пристигнала брза помош, немало спас за малечката Шаиун Харе. Сопственикот на змијата и момче на мајката на настраданото девојче, кога видел дека аквариумот е скршен и дека во него нема змија истрчал во собата на девојчето. Таму видел ужасна глетка, змијата лежела врз девојчето кое на главата имало траги од гризнување.Тој на питонот му нанел повеќе убоди со нож за да го спаси девојчето, но се било без успех. Сопственикот на змијата немал дозвола за чување рептил во куќата што би можело да биде третирано како кривично дело. Засега против него не е поднесено обвинение, но полицијата соопштила дека истрагата е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

