Контакт

Свет

Пејлин повеќе не сака да биде гувернер на Алјаска

Објавено пред

Гувернерот на Алјаска, САД, Сара Пејлин, најави дека во текот на овој месец ќе поднесе оставка на оваа функција, како и дека повеќе нема да се кандидира.

dobivaj vesti na viber

Потегот на Пејлин предизвика лавина од шпекулации и анализи за тоа зошто си заминува 18 месеци пред истекот на нејзиниот прв мандат и дали на тој начин ќе ги ослаби или засили сопствените изгледи да се кандидира за иден шеф на американската држава во 2012 година. На минатогодишните избори за претседател на САД, Пејлин која е член на Републиканската партија, беше кандидат на Џон Меккејн за местото американски потпретседател. „Не барам реизбор“, изјави Пејлин на прес-конференција, додавајќи дека своите гувернерски овластувања ќе му ги предаде на нејзиниот заменик Шон Парнел. Таа објасни дека одлучила да поднесе оставка „по многу размислување и молитви„. Сара Пејлин за гувернер на Алјаска е избрана во 2006 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Доктор од Македонија прегазил куче во Софија и продолжил да вози, случајот ја разбранува Бугарија

Објавено пред

Дваесет и деветгодишен маж од Македонија со автомобил прегазил куче, а потоа побегнал од местото на настанот, јави „БТВ“. Инцидентот бил снимен со безбедносна камера.

dobivaj vesti na viber

Маја, улично куче за кое жителите од маалото се грижеле веќе 14 години, била прегазена пред гаража. На снимката се гледа како возачот запира по ударот, излегува од автомобилот, но наместо да помогне – си заминува. Настанот предизвика илјадници коментари и осуди на социјалните мрежи.

Според „Офњуз“, сторителот признал дека го удрил кучето, но тврдел дека маневрот бил ненамерен и дека немал никаква намера да ѝ наштети. Полицијата потврди дека мажот е државјанин на Македонија, без криминално досие и дека не бил под дејство на алкохол.

Материјалите од истрагата се доставени до Окружното обвинителство во Софија, идентификувани се тројца сведоци и запленет е видеозаписот од безбедносната камера.

Од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија, за БТВ изјавиле дека раководството е информирано за инцидентот и дека соработуваат со надлежните органи.

Прикажи повеќе...

Свет

Американците би можеле да плаќаат двојно поскапи италијански тестенини

Објавено пред

Љубителите на италијанската паста во САД би можеле наскоро да се соочат со драстично поскапување – цената на тестенините може да се удвои поради предложена царина од 107 проценти на увозот од Италија.

dobivaj vesti na viber

Министерството за трговија на САД започна антидампинг истрага по жалби од домашни производители. На удар се неколку водечки италијански брендови, меѓу кои, а конечните резултати ќе бидат објавени до 2 јануари 2026 година.

Италијанските компании тврдат дека царината е „несоодветна и политички мотивирана“.

„Со толку високи давачки, нашите производи нема да можат да стигнат на американскиот пазар“, предупреди Маргерита Мастромауро од здружението Унионе Италијана Фуд.

Според земјоделската организација „Колдирети“, ваквата мерка би ја дуплирала цената на чинија тестенини за американските семејства и сериозно би ги погодила италијанските производители.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Се урна нов мост во Кина

Објавено пред

Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви.

dobivaj vesti na viber

Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објави Ројтерс.

Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради обилните дождови.

Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа „Сечуан Роудс енд Бриџ Груп“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ8 часа

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија8 часа

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...

Македонија9 часа

Изнервирана затоа што бебето плачело, го удирала со раце и тупаници по устата и носот: Обвинителството поведе истрага против мајката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во ‘Ржаничино, која е осомничена...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани...

Македонија10 часа

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Поранешната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да ги објави сите фирми со долг,...

Македонија10 часа

„Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, истражување на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година....

Топ11 часа

Расчистен случај со лажна сообраќајна несреќа во Битола, уапсени две лица

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено...

Европа12 часа

Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат ‘миг-31’“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските...

Свет13 часа

(Видео) Силна експлозија на автомобил во главниот град на Индија, најмалку 10 мртви

Силна експлозија на автомобил-бомба потресе прометна област на индискиот главен град вчера, при што загинаа најмалку 10 лица, а десетици...

Европа13 часа

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта

Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на...

Свет14 часа

(Видео) Трамп му се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари: ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Британската јавна радио-телевизија е во длабока криза откако беше откриено дека говорот на Доналд Трамп бил измамнички монтиран во документарец...

Свет14 часа

Американскиот Сенат ги одобри мерките потребни за прекин на најдолгата блокада на владата

Во понеделникот, Сенатот ги одобри потребните мерки за прекинување на најдолгото затворање на владата на САД во историјата, кое траеше...

Свет14 часа

Сирија се приклучува на меѓународната коалиција против Исламската држава

Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, изјави во понеделник американски функционер под...

Македонија23 часа

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија1 ден

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија1 ден

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија1 ден

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ1 ден

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија1 ден

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...